Heading 1080 X 720 Px1.png

30 граѓански организации од регионот ќе работат на антикорупциски проекти со поддршка на СЕЛДИ

Триесет граѓански организации, дел од нив со партнерски организации, од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија, и Црна Гора) се добитници на грант преку програмата за мали грантови на СЕЛДИ која се спроведува во рамки на Програмата на МЦМС Регионална мрежа за антикорупција, а ќе реализираат проекти насочени кон борба против корупцијата со особен фокус на вклучување на младите и мали грасрут организации во антикорупциски иницијативи.

Во следниот период од минимум 9 и максимум 12 месеци овие проекти што директно ги вклучуваат граѓаните и младите во антикорупциските иницијативи ќе бидат реализирани од следните организации:

  • Граѓански Организации од Северна Македонија: Здружение за истражување и анализи ЗМАИ Скопје, Организација на жените на општина Велес, во партнерство со Сојуз за родова еднаквост НАЦИОНАЛНА МРЕЖА ЖЕНИТЕ ЗА ЖЕНИТЕ Скопје , Здружение на граѓани ЗИП Институт за политики и добро владеење Скопје, Здружение Центар за образование и медијација на млади Гостивар, Здружение Центар за едукација, култура и активизам МУЛТУС Гевгелија, Фондација за лидерство, образовни можности, личен развој и иновации Л.О.Л.И. Скопје, Младински образовен форум (МОФ), Здружение Младински совет Прилеп, Еколошко друштво Вила Зора Велес, и  Коалиција на здружение на граѓани Сите за правично судење Скопје.
  • Граѓански Организации од Албанија: Заедно за живот, Меѓународна асоцијација за солидарност, Институт за ромска култура во Албанија, Албански институт за меѓународни студии, Себастиа, Центар за Европски развој и интеграција, Зајакнување и организирање на заедницата, Асоцијација Крео, АЛТРИ центар, и Хаб за ЕУ Политики.
  • Граѓански Организации од Босна и Херцеговина: Асоцијација Бејби Степс, Про Едука, Институт за развој на младите и заедницата Перпетуум Мобиле, и Центар за психолошка поддршка Сенсус во партнерство со Здружение Спин.
  • Граѓански Организации од Србија: Феникс Врање.
  • Граѓански Организации од Црна Гора: Центар за Демократија и Човекови Права (ЦЕДЕМ), Активна Зона, и НГО Арт 365.
  • Граѓански Организации од Косово: Центар за застапување на демократска култура, и Иницијатива на жените од Косово.

Со вкупен фонд од околу 283 илјади евра од програмата за мали грантови, овие организации ќе работат на проекти насочени кон намалување на корупција, зголемување на трнспарентност и одговорност во најразлични сектори како здравство, образование и јавна администрација во секоја од земјите. Тие имаат за цел да ги зајакнат младите, жените, маргинализираните групи и граѓанското општество преку образование, кампањи за подигање на свеста, обуки и развој на антикорупциски механизми.

Имено, нивните стратегии вклучуваат зајакнување на законските и институционалните рамки, подобрување на системите за следење и известување, застапување за правични политики и поттикнување активно учество на граѓаните. Напорите, исто така, се фокусираат на борбата против корупцијата преку родово чувствителни пристапи, дигитални платформи за анонимно известување, истражувачко новинарство и соработка со локалните власти за подобрување на интегритетот и довербата во јавните институции. Овие иницијативи ја нагласуваат важноста на долгорочните културни промени преку застапување, иновации и инклузивен ангажман.

Целта на грантовите е ангажирање на граѓански организации и граѓани да се приклучат кон напорите и акциите на СЕЛДИ и обезбедување синергии низ целиот регион преку зајакнување на професионалните капацитети и вештини на граѓанските организации за борба против корупција, барање на отчетност од лидерите и институциите преку застапување засновано на докази, мерење и разоткривање на корупцијата и заробување на државата, и за формулирање на политики.

На овој повик за мали грантови пристигнаа 74 апликации со поднесени проектни концепт ноти, од кои 43 ја поминаа првата фаза на селекција и беа поканети да достават целосни апликации. По детална оценка на 42 целосни проектни предлози, од страна на експертска комисија составена од членови од секоја од партнерските организации на СЕЛДИ од 7 земји, беа избрани 30 проекти кои се очекува да придонесат кон регионално здружување во борбата со корупција.

Програмата Регионална мрежа за антикорупција се реализира од страна на  Македонскиот центар за меѓународна соработка МЦМС во партнерство со ЦСД (Центар за Изучување на Демократијата) од Бугарија, ЦЦИ (Центри за Цивилни Иницијативи) од Босна и Херцеговина, АЦЕР (Албански центар за економско истражување) од Албанија, Организација за демократија, антикорупција и достоинство ЧОХУ од Косово, ЦеМИ (Центар за мониторинг и истражување) од Црна Гора и ЦЦП (Центар за современи политики) од Србија.


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор