Вкупен буџет: 315.995 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 15.7.2020

Конституенти

– Основни училишта дел од мрежата „Вело училишта“, нивниот персонал, ученици и родители;

– Првата официјална мрежа за промоција на велосипедизмот во Северна Македонија;

– Локалните власти (општини во кои „Вело училишта“ како мрежа има свои членки но и останати општини кои во иднина ќе се стимулираат да се вклучат);

– Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

 

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Вело полигон

За што е потребна акцијата

Во моментов „Вело училишта“ има низ повеќе градови на земјава, и тоа во: Скопје, Кочани, Демир Капија, Неготино, Виница, Чашка, Чешиново Облешево, Радовиш, Штип, Струга, Куманово, Свети Николе. Во процес на отворање се уште 20-тина училишта од други општини низ земјата. Kреирањето „Вело полигон“ претставува надополнување на тековната програма „Вело училишта“. Имено, заради користењето, полигонот константно се амортизира низ годините, со што се јавува потреба од поправки и/или креирање на целосно нови вежби. Со овој проект ќе им се излезе во пресрет на овие потреби.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Зголемување и унапредување на знаењето меѓу децата, нивните родители, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување, климатски промени и безбедност во сообраќајот.

Специфични цели:

– Воведување нови и креативни начини на учење (спорт и рекреација, здрав начин на живот, екологија, климатски промени и аерозагадување, етика, морал, безбедност во сообраќај);

– Инклузија помеѓу сите деца, без разлика на нивната етничка припадност, социјален и/или економски статус, географска распространетост, пол и друго.

Резултати

  1. Унапреден и збогатен тековен „Вело полигон“ на Еко Логик, кој е на располагање на повеќе од 25 училишта членки на мрежата на „Вело училишта“;
  2. Зголемена популарност и атрактивност на проектот „Вело училишта“ и зголемен интерес од деца и родители за серијалот на настани „Вело родео“;
  3. Зголемен интерес на локалните власти за учество и поддршка на „Вело родео“ настани на нивната територија.

Активности

  1. Подготовка на концепт за вело полигон
  2. Изработка на вело полигон
  3. Организирање на „Вело родео“ настан со ново-креираниот полигон

 

Веб страна