Вкупен буџет: 366.200 MKД

Времетраење: 15.02 – 30.09.2022 (7.5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Деца со попреченост и нивните родители.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Направи сам за своето дете (прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали)

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Специјализираните дидактички материјали за работа со деца со попреченост, поради нивната специфика се многу ретки на пазарот во Република Северна Македонија, а и оние што се присутни на пазарот се многу скапи. Имајќи ја предвид неопходноста за работа со детето со попреченост и во домашни услови, како продолжеток на работата на специјалните еукатори од училиштата и центрите, сметаме дека оспособувањето на самите родители да изработуваат нагледни материјали за своето дете согласно неговите потреби, интереси и способности од отпадни материјали (пластика, картони, хартии, шишиња, капачиња  и слично) ќе овозможи континуиран напредок на секое дете. Дидактичките материјали ќе бидат за развој и поттикнување на визуелната и аудитивната перцепција, координација око – рака, развој на груба и фина моторика, пред вежби за читање и пишување, усвојување на број и бројна количина, совладување на просторни релации, форми, бои, серијација, класификација по една или повеќе надворешни карактеристики, вештини за самопомош и културно – хигиенски навики и други.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Континуиран напредок на децата со попреченост преку создавање на услови за работа во домашни услови со оспособување на родителите за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали во домот.

Специфична цел/и:

  • Развивање на чувство кај родителите за потребите на сопствените деца, активно да ја следат нивната работа, но и да партиципираат во истата; 
  • Зголемување на самодоверба, мотивација, интерес за постигнување на повисоки резултати кај децата со попреченост; желба за сопствен развој, поголема доверба во родителите;
  • Унапредување на правата на децата со попреченост.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Со изработката на Прирачникот ќе се олесни пристапот до дидактички материјали како за лицата со посебни потреби, така и за другите лица;
  2. Прирачникот ќе овoзможи полесен пристап до идеи за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали. Ќе се поттикнат родителите и другите ГО, како и државни и приватни институции во алтернативен начин за обезбедување на дидактички помагала и материјали;
  3. Граѓанско учество: Преку презентирање и практични изработки од Прирачникот, родителите, детските градинки, основните училишта, и други центри за развој на деца и млади со и без попреченост, ќе  се овозможи размена на искуства и изработка на квалитетни дидактички материјали од отпадни материјали кои истовремено ќе овозможат подигнување на јавната свест за правилно искористување на отпадните материјали за повисоки цели.

АКТИВНОСТИ

  1. Формирање на проектен и професионален тим;
  2. Работилници со семејства на деца со попреченост;
  3. Изработка на Прирачник со фотографии, насоки и совети за подготовка на нагледни материјали за деца со попреченост во домашни услови од отпадни материјали во домот;
  4. Промоција на активностите и Прирачникот преку електронски медиуми.