Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)

Здружение на еколози „Натура“ – Струга

Вкупен буџет: 2.848.300 денари

Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци)

Специфична тема: Зелени иницијативи

Партнери:

Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево

Конституенти: 

Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници; волонтери и активисти за животна средина.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион

ОПИС НА АКЦИЈАТА

Загадувањето на воздухот во Југозападниот регион претставува сериозен и постојан проблем, особено во зимските месеци, при што граѓаните немаат доволен пристап до точни и навремени податоци за квалитетот на воздухот. Постојниот систем е централизиран и не овозможува активно учество на граѓаните, што резултира со недоверба и ограничена реакција кон институциите. Проектот има за цел да воспостави децентрализирано, граѓански управувано следење на квалитетот на воздухот преку инсталирање на нискобуџетни инструменти, создавање локални групи на граѓани-монитори и формирање Регионален совет за воздух, со што ќе се зголеми транспарентноста, учеството и отчетноста на локално ниво.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрување на управувањето со квалитетот на воздухот преку зголемено граѓанско учество, пристап до податоци и соработка со општините во Југозападниот регион.

Специфична цел:

  • Воспоставување на мрежа од најмалку 30 граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во пет општини
  • Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за граѓански мониторинг и користење на податоци
  • Поттикнување дијалог и заедничко планирање меѓу општините и граѓаните за политики за чист воздух

 РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставена мрежа на граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот
  2. Зајакнати капацитети на 100 граѓани, наставници и млади активисти
  3. Воспоставен функционален дијалог и соработка меѓу граѓаните и општините

АКТИВНОСТИ

  1. Мапирање и избор на локации за поставување инструменти
  2. Координација со општините
  3. Набавка, поставување и поврзување на инструментите на www.klimerko.org платформата
  4. Спроведување на инфо-кампања за подигање на јавната свест
  5. Развивање програма и прирачник за обуки
  6. Спроведување обуки
  7. Формирање на мали групи на „еко-набљудувачи“, (граѓани, наставници, ученици и НВО) во секоја општина
  8. Формирање Регионален совет за воздух
  9. Организирање на јавни форуми во сите 5 општини
  10. Заеднички препораки и планови
  11. Регионална конференција

ВЕБ СТРАНИЦА

https://natyra.org.mk/

Продолжи со читање

  • „Натура“ организираше јавен форум за квалитетот на воздухот во Струга

    На 15 октомври 2026 година, во Струга успешно се одржа првиот јавен форум на тема „Квалитетот на воздухот во нашата општина – предизвици, потреби и можни решенија“, во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“, поддржан од Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас. На форумот учествуваа

  • Започна менторирањето на идните ментори за родово сензитивно правосудство

    Минатата недела во Академијата за судии и јавни обвинители започна процесот на менторирање на идните ментори, како важен чекор кон воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството. Целта е потребите и предизвиците идентификувани преку претходното истражување да се преточат во практични знаења, вештини и конкретни алатки за секојдневната правосудна практика. Преку тематски менторски сесии, анализа […]

  • “Натура” дел од 6-иот Фестивал на Цивика мобилитас во Скопје

    Здружението на екологисти „Натура“ Струга учествуваше на 6-иот Фестивал на Civica Mobilitas, кој собра над 1.000 посетители, граѓани, млади, деца и активисти од целата земја. Во рамките на нашиот промотивен простор, ги презентиравме нашите проекти поддржани од Civica Mobilitas и Европски фонд за Балканот, со посебен фокус на две важни

  • Технологијата треба да биде право, а не привилегија

    Пред неколку години, еден ученик од Центарот за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ учеше и се дружеше со истата леснотија како и неговите соученици од училиште. Потоа, поради генетска предизвикана состојба, полека почна да го губи видот. Талентот остана ист, желбата за учење исто така, но пристапот до знаењето стана…

  • Од локален проблем до сторија и активизам: младите од Крива Паланка учеа за медиумите на заедницата

    Како „малите“ локални проблеми можат да се решаваат преку новинарството и активизмот. Ова беше една од главните теми на работилницата во Крива Паланка на која дваесетина млади дискутира, учеа и дознаваа за медиумите на заедницата, етичките стандарди и техниките за пишување новинарски аналитички стории.

  • Покана – Обука за банките за работа со граѓански организации, 30.09.2026, хотел Арка, Скопје, 10 часот

    Почитувани, Граѓанските организации имаат значајна улога во развојот на општеството преку обезбедување услуги, застапување за јавен интерес и поддршка на различни категории граѓани. Истовремено, финансиските институции имаат важна улога во обезбедување непречен пристап до финансиски

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор