[Aggregator] Downloaded image for imported item #51802

“Натура” дел од 6-иот Фестивал на Цивика мобилитас во Скопје

Здружението на екологисти „Натура“ Струга учествуваше на 6-иот Фестивал на Civica Mobilitas, кој собра над 1.000 посетители, граѓани, млади, деца и активисти од целата земја.

Во рамките на нашиот промотивен простор, ги презентиравме нашите проекти поддржани од Civica Mobilitas и Европски фонд за Балканот, со посебен фокус на две важни иницијативи за заштита на животната средина:

📱🌱EcoPatrol.mk – дигитална платформа за пријавување на загадување и проблеми поврзани со животната средина, која им овозможува на граѓаните брзо и директно да ги пријавуваат еколошките проблеми во нивните заедници.

🌍💨 „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ – проект насочен кон зајакнување на граѓаните и локалните заедници во мониторирањето на квалитетот на воздухот и подигнувањето на свеста за загадувањето на воздухот во југозападниот регион.

За време на фестивалот дистрибуиравме промотивни материјали и ги информиравме граѓаните за можностите што ги нудат овие иницијативи, при што разговаравме за значењето на технологијата, граѓанскиот мониторинг и активното учество на заедницата во заштитата на животната средина.

Ова беше одлична можност работата на „Натура“ да ја претставиме пред голем број граѓани и граѓански организации, како и да размениме идеи и искуства со други актери од граѓанското општество.

🤝 Фестивалот беше организиран од Цивика мобилитас, со учество на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија.

 

🌍 Два проекти. Една заедничка цел. Почиста животна средина и поактивни заедници.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор