ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА
Објавено: 16/05/2022
Вкупен буџет: 946.000 MKД
Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково право генерирано од правото на живот. Со оваа акција ќе се иницираат добри практики и иновации на полето на постапувањето со отпад на територија на Општина Гевгелија. Преку соработка на Општина Гевгелија и ЈКПД Комуналец, Гевгелија ќе воспостави одржлив систем за постапување со отпад на целата територија. Истовремено ќе се создаде поголема свесност кај граѓаните за правилно и одржливо постапување кон животната средина и отпадот со што ќе се промени нивното однесување.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Заштита на воздухот, водите и почвите од загадување, преку намалување на количината на емисии на загадувачки материи во медиумите на животна средина во општина Гевгелија.
Специфична цел/и:
Правилно и одржливо постапување со отпадот во општина Гевгелија од страна на физичките и правните лица.
РЕЗУЛТАТИ
- Поголема свест кај граѓаните за правилно и одржливо постапување кон животната средина и промена на нивното однесување кон неа;
- Организиран синџир на селектирање и рециклирање отпад;
- Професионална и одговорна работа на инспекциските и контролните институции да евидентираат и да постапуваат во однос на физичките и правните лица – загадувачи;
- Промена на практиките на постапување со отпадот од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Гевгелија, надлежно за управување со отпад;
- Елиминирање на дивите депонии;
- Намалување на загаденоста на воздухот, почвите и водите во Општина Гевгелија.
АКТИВНОСТИ
- Подигање на јавната свест за правилно постапување со отпадот;
- Акции за поттикнување на намалување на количините на произведен домашен отпад;
- Обучување на граѓаните на основните навики на селектирање на отпадот во секој дом;
- Организирање на активности за производство на рециклирани материјали, суровини од отпадот;
- Волонтерски акции за чистење на дивите депонии.