ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ
Објавено: 16/05/2022
Вкупен буџет: 330.000 MKД
Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Во изминатите децении се случија многу пожари кои би можеле многу побрзо да се спречат ако граѓаните биле информирани, а надлежните ги презеле сите мерки за брзо гасење на пожарот, особено доколку станарите имале ПП апарати, исправна ПП инсталација во своите влезови и биле едуцирани како да постапат при спречување, евакуација и гасење на пожар. Нашата акција ќе ги поттикне куќните совети, граѓаните, општините, средношколците, градот и Дирекцијата за безбедност и заштита да преземат конкретни мерки за евиденција, превенција и функционалност на системот за брзо постапување при почетен пожар и безбедна евакуација.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Противпожарна заштита во станбени објекти, проверка и враќање во функција на противпожарните системи за гасење на пожар, информирање и едукација на граѓаните за постапување при појава на почетен пожар, едукација на средношколците за значењето на противпожарна заштита, анкета со средношколци за состојбата на нивната инсталација за гасење на пожар, поттикнување на градоначалниците и општините да ги мотивираат подрачните единици од дирекцијата за безбедност и спасување да ги евидентираат сите згради и да ги стават системите во функција со соодветна обука на куќните совети, а противпожарната бригада да направи обука на средношколците.
Специфична цел/и:
- Функционалната противпожарна заштита спасува човечки живот и имотот на граѓаните, но помага и за заштита на природата;
- Информирани и едуцирани граѓани кои знаат свесно да делуваат, а како такви и да ја поттикнат општинската и градска власт заеднички да ги подобрат условите за акција со преземени конкретни мерки за навремена превенција;
- Едукација на младите генерации и нивно здружување од најрана возраст со повозрасните соседи околу безбедноста на нивното живеалиште, во иднина ќе создаде личности и заедница која во иднина би била одговорна во своето најблиско опкружувања.
РЕЗУЛТАТИ
- Информирани граѓани за потребата од беспрекорна функционалност на системите за противпожарна заштита, едукација и начин на евакуација во случај на пожар;
- Градоначалниците и подрачните единици од Дирекцијата за спасување и заштита ќе преземат конкретни мерки за евидентирање и поттикнување на куќните совети и станарите за едукација и ставање на системите за заштита од пожари во функција;
- Едукација на младите генерации со формирање на противпожарна единица и за важноста на противпожарна заштита, практични вежби, едукација;
- Анкета и истражување од страна на средношколците во каква состојба се наоѓаат противпожарните системи во нивните станбени згради и дали системот е функционален. Со оваа анкета би добиле информации за состојбата во преку 150 објекти и поттикнување на младите да разговараат за противпожарна заштита со своите врсници, професори, соседи и семејството;
- Презентација пред претставници од куќен совет како да се организираат и како е ставена во функција стара зграда која ги поставила системите за противпожарна заштита.
АКТИВНОСТИ
- Информација до медиумите за почеток на акцијата;
- Состанок со градоначалниците и подрaчната единица за безбедност и спасување за почеток и координација на активностите со месните заедници и куќните совети за проверка на сите повисоки згради, евиденција и информирање на станарите за потребата на беспрекорна функционалност на постоечките системи;
- Обука и формирање противпожарна единица во 2 средни училишта, каде пожарникарите со показни вежби и едукација ќе ја престават употребата на алататите и сите други средства за превенција и безбедно гасење на пожари и начини на помош и евакуација на средношколци;
- Средношколците во 2 средни училишта ќе направат истражување –за тоа во каква состојба се наоѓаат нивните станбени згради и како е решена противпожарната заштита. Со оваа анкета ќе се добијат релевантни податоци за состојбата во стотина живеалишта , а најважно е што младите ќе разговараат со своите домашни и соседи како да се заштитат при евентуален пожар;
- Показна вежба пред повеќе претставници од куќниот совет за начинот на евакуација , гасење на пожар и проверка на функционалноста на противпожарните апарати и хидранти и другите начини за заштита и ставање во функција на постоечките со пожарникарите од против пожарната бригада.