Вкупен буџет: 306.100 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 15.7.2020

Конституенти

Граѓанските организации кои работат на заштита на животната средина, општата јавност, државни институции.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Климатски Набљудувач – COP25 Watch

За што е потребна акцијата

Глобалните лидери, шефови на држави и граѓанското општество од целиот свет се собираат на 25-та Конференција Conference of the Parties – COP25) на Рамковната Конвенција на Обединетите Нации за климатски промени од 2 до 13 декември 2019 година да дискутираат, да се организираат и да донесат планови за акција кои ќе бидат социјално-економски праведни и итно имплементирани. Овие преговори се одвиваат на годишно ниво од 1992 година со многу мал напредок и многу мало медиумско покривање.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Опремување на осум граѓански организации со потребните алатки и методологии за следење, анализирање и комуникација на прашања и политики поврзани со климатските промени на локално, национално и меѓународно ниво, што пак ќе доведе до ефикасен дијалог со локалните и националните власти.

Специфични цели:

  • Да се деконструираат, анализираат и комуницираат резултатите и активностите на климатските преговорите на ООН за македонскиот граѓански сектор;
  • Да им станат достапни алатки и методологии за следење, анализирање и комуникација на клучните членови на осум граѓански организации во осумте региони во државата;
  • Да им овозможат на клучните членови на осум граѓански организации во осумте региони во државата информации и вештини за ефективно преговарање со локалните и националните власти во врска со климатски политики.

Резултати

  1. Да се развие и пополни со климатски анализи веб-страната во врска со претстојните преговори за климатски промени на ООН (COP25);
  2. Осум граѓански организации во осумте региони во државата да се опремат со алатки и методологии за следење, анализирање и комуникација на проблемите поврзани со климатските промени на локално, национално и меѓународно ниво;
  3. Осум граѓански организации во осумте региони во државата да се опремат со информации и вештини за ефективно преговарање со локалните и националните власти во врска со климатски политики.

Активности

  1. Поставување и промовирање на Климатски Набљудувач веб-страната за известување за претстојните преговори за климатски промени на ООН;
  2. Пополнување на веб-страната со дневни анализи и активности за време на климатските преговори на ООН;
  3. Организирање на осум работилници со осум граѓански организации во секој од планските региони на РСМ, каде учесниците ќе бидат обучени да ги следат и да придонесуваат кон локалните и националните климатски политики, како и да ги следат истите на меѓународно ниво.

Веб страна