Вкупен буџет: 320 000 MKД

Времетраење: 1.12.2021-30.04.2022 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Женски граѓански организации, женски неформални движења и жени

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Силни женски организации, силни општини, силно општество

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Придобивка од акцијата ќе имаат општини или заедници во кои ќе се детектираат неактивни женски граѓански организации, а кои имаат желба да се вклучат во проектот, односно повторно активно да делуваат. Дополнително, наоѓање начини за мотивација на младите да се вклучат во волонтерски активности како и недостаток на канали за проток на информации во врска со  можностите за развој на организациите.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Одржливи  и силни локални женски организации кои ефективно влијаат на донесувањето одлуки и подигнувањето на свеста за родовите прашања

Специфична цел: Проектот има за цел да ги активира и зајакне замрените организации од мрежата на НСРР

РЕЗУЛТАТИ

  1. Зголемена  бројност на конституентите/членовите на организациите преку мобилизација и вклучување во активности, организирање на настани/средби кои би се организирале на неделно или месечно ниво и тоа на различни теми, а со тоа би се собирале групи на жени.
  2. Зголемен  број на волонтери во организациите членки на мрежата.
  3. Зајакнати конституенти на НСРР преку јакнење на индивидуалните и колективните капацитети на организациите членки на мрежата
  4. Пререгистрирани дел од неактивните организации и регистрирани неформални движења членки на НСРР
  5. Зголемена соработка меѓу организациите во мрежата преку континуирана комуникација на ФБ групата

АКТИВНОСТИ

  1. Мапирање на актуелните состојби на терен на организациите во рамките на мрежата на НСРР
  2. Поддршка на избраните локални организации во организација на редовни средби на групи на жени за дискусија, градење на свест, охрабрување на жените да се вклучат и учествуваат активно во локалната заедница.
  3. Две работилници за 20 жени и девојки од 10 избрани организации со цел да ги зајакнат личните и организациските капацитети за стратешко раководење со организациите, кои ќе се одржат во Скопје.
  4. Помош за неактивните организации членки на НСРР да се пререгистрираат, како и за неформалните движења да извршат регистрација.

Веб страна