Здружение за заштита на животните ЕЈНЏЕЛКЕТС Скопје
Објавено: 15/12/2021
Вкупен буџет: 270.000 МKД
Времетраење: 01.12.2021 – 30.09.2022
КОНСТИТУЕНТИ
Деца и млади и бездомни мачки.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Преку граѓански активизам до системски решенија за бездомните мачки за што е потребна акција
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Мачките не се во системот и програмата на владата за заштита на бездомни животни. За жал и покрај неколкуте иницијативи на граѓански организации и граѓани (активисти), повторно не постои програма која би обезбедила систематска заштита на мачките, како и спречување на нивното неконтролирано множење.
Со оваа акција, покрај соработката со другите ГО, е предвидено да се влијае на властите да преземат посистематски мерки за спречување на овој проблем. Граѓанскиот активизам како многу битна алатка за јакнење на свеста кај лицата кои поради суеверија и сличен културолошки менталитет одбиваат да ги стерилизираат домашните миленици, што доведува до неконтролиран раст на бројот на бездомни животни.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се влијае за подобрување на системски решенија за подобрување на состојбата со бездомни животни.
Специфична цел: Стерилизација на бездомни мачки и подигнување на свеста за важноста на стерилизацијата.
РЕЗУЛТАТИ
- Подобрена соработка помеѓу релевантните чинители
- Промовиран младински активизам за грижа на бездомни мачки
- Спроведена кампања за подигнување на свеста и емпатијата кон бездомните мачки
АКТИВНОСТИ
- Покренување иницијатива со други граѓански организации за вметнување на мачките во системот на заштита на бездомни животни;
- Акција за обезбедување засолниште за мачките во заедницата
- Спроведување на онлајн кампања за стерилизација домашни мачки
- Спроведување на акции за промовирање на вдомување на бездомни мачки