Вкупен буџет: 292.500 МКД

Времетраење: 01.12.2021 – 30.04.2022 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Директни конституенти се младите од 18 до 30 години, со особен фокус на младите од маргинализирани средини.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

младите и правото на домување

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Младите за разлика од другите возрасни групи поретко бараат поддршка за пристап до правдата, дури и кога нивните права се очигледно повредени. Акцијата е да ги подобриме и застапуваме правата и условите за домување и живеење на младите луѓе во Северна Македонија. Имајќи предвид дека имаме малку достапни податоци за условите за домување и станари во земјава, гледаме итна потреба со нашето стратешко планирање да направиме идентификување и појаснување на сегашните начини на домување на луѓе низ целата држава, особено градот Скопје. Треба да ги идентификуваме потенцијалните предизвици и како тие предизвици може да се надминат за потребите на младите и домувањето.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Заштита на правата на младите за квалитетно и одржливо домување со цел да ја поддржи и олесни нивната транзиција кон зрелоста.

Специфична цел:

Крената свест за ситуацијата на младите и домувањето во С. Македонија со особен акцент на заштита на нивни права.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Подобрено ниво на информации во однос на младите и домувањето во нашата земја
  2. Креирани препораки за потребите на младите и домувањето во нашата земја
  3. Подобрено ниво на свесност за правата и можностите на младите луѓе кога станува збор за домување.

АКТИВНОСТИ

  1. Анализа/ истражување на состојбата на домувањето на младите во Северна Македонија.
  2. Анализа/ истражување за процент на младинско бездомништво во Северна Македонија
  3. Градење на партнерства со локални организации и институции на тема млади и домување
  4. Јавен панел на тема млади и домување со високи чинители во државата
  5. Медиумска кампања за кревање на свеста на тема млади и домување

Веб страна