Вкупен буџет: 323.000 MKД

Времетраење: 01.12.2021 – 31.03.2022 (4 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Децата во Воспитно поправниот дом Тетово, службени лица од Одделението за третман, од затворската полиција и од Одделение за стручно – инструкторски работи и биолошките семејства на децата во ВПД Тетово.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Поддршка на деца во конфликт со Законот

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Воспитно-поправен дом Тетово е специјализирана воспитно-поправна установа од полуотворен вид, чија основна функција е реализација на превоспитен третман на малолетни и полнолетни машки  лица на возраст од 14 до 23 години, сторители на најразлични кривични дела, на кои со решение на судот им е изречена затворска мерка. Времетраењето на мерката е  од  една до пет години. 

Стапката на рецидивизмот кај осудените лица во Македонија е многу висока, а особено кај децата и младинците. Поради слабостите во системот и процесот на ресоцијализација во изминатите десетина години голем број од децата и младинците стануваат повратници во пенитенцијарниот систем. Поради слабата економска ситуација на родителите, посетите од страна на биолошките семејства на децата во Воспитно поправниот дом Тетово се многу ретки, а во исто време се неопходни за успешна ресоцијализација и инклузија во семејството и пошироката заедница. Неопходна е дополнителна поддршка на детето – штитеник и неговото потесно семејство во градење на нивните односи и клима на меѓусебна поддршка. Дополнително потребно е и едукација и мотивација за службените лица во Одделението за стручно-инструкторски работи и доопремување на алатот за работа во работилницата. Со работното остручување се јакнат вештините за вработување и социјална инклузија на оваа група на маргинализирани лица по завршување на мерката.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Придонес кон намалување на рецидивизмот кај деца во постпеналниот период.

Специфична цел:

Зајакнување на компетенциите на децата  и професионалците во ВПД Тетово за постпенална реинтеграција на штитениците во заедницата.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Развиени вештини кај децата за пенална рехабилитација и инклузија во заедницата во период по завршување на мерката
  • Реализирана поддршка на службените лица од Одделението за третман на децата и затворската полиција и одделението за стручно – инструкторски работи при спроведување на рехабилитацијата на децата

АКТИВНОСТИ

  1. Реализација на 4 едукативни работилници со децата за меки и животно-практични вештини и вештини за вработливост
  2. Поддршка на процесот на остручување на децата за занимања преку набавка на машини, опрема и алат во просториите за практично работно усовршување и стекнување занимање
  3. Подготовка и организирање на циклус обуки за сите 38 вработени во ВПД Тетово
  4. Спроведување на две тренинг сесии за комуникациски вештини, стратегии и техники во работа со деца во ризик за сите службени лица
  5. Реализација на две тренинг сесии за тимско работење и воспоставување на унифициран пристап во работа со деца во ризик за сите службени лица
  6. Спроведување средби со биолошките семејства на децата и 18 деца сместени во ВПД Тетово
  7. Мапирање на потребите на 18 семејства за поддршка на децата во период на рехабилитација

Веб страна