Вкупен буџет: 299.040 MKД

Времетраење: 01.12.2021 – 31.03.2022 (4 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Целни групи се локалната самоуправа, регионалните и локалните канцеларии, земјоделците, шумарите, рибарите, невладините организации и граѓанското општество.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Да го зачуваме бисерот Охридско Езеро

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Истрагите спроведени од експерти на УНЕСКО во последните две мисии на регионот на Охридското Езеро (во 2017 и 2020 година), открија влошување на управувањето со овој екосистем, сериозно загрозувајќи ги вонредните универзални вредности за кои овој регион е дел од светското наследство. Ова е резултат на серија фактори, но и недоволното ниво на комуникација и недостатокот на култура за соработка помеѓу властите и граѓанското општество. Од овие причини на 44 сесија на УНЕСКО (Фужоу јули 2021 година) беше препорачано вклучување во листата на светско наследство во опасност, бидејќи во моментов регионот на Охридското Езеро се соочува со сериозни закани.

Неодобрувањето на барањето на експертите на IUCN и ICOMOS за вклучување на регионот на Охридското Езеро во Листата на загрозено наследство (Фужоу, јули 2021 година), но одобрување на период од 2 години за да им даде шанса за промена на Македонија и Албанија. Целта на оваа иницијатива, е преку целосни и професионални информации, преку комуникација да се зголемува чувствителноста и учеството на сите „засегнати страни“ во регионот во секое донесување одлуки, детално познавање на обврските и правата што ги имаат за статусот на регионот, бидејќи сегашната практика покажува дека оваа култура на соработка недостасува.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Главната цел на проектот е да се зголеми капацитетот на структурите на локалната власт, регионалните канцеларии, невладините организации и сите засегнати страни преку креирање стратегија за комуникација помеѓу страните за заштита и управување со регионот на Охридското Езеро како светско наследство на УНЕСКО.

Специфична цел/и:

  • Создавање на три пакети за обука кои имаат за цел најцелосни информации за програмата на УНЕСКО за светско наследство, вредностите на Охридското Езеро и неговиот регион, како и потенцијалните закани за загрозување на овие вредности.
  • Изготвување на извештај со проблемите на екосистемот и изготвување патоказ за процесот на неговото управување во иднина.
  • Изготвување во соработка со сите актери на регионот стратегија за комуникација со сите засегнати страни во регионот со цел да се создаде нова култура на трајна соработка како услов што гарантира зачувување на статусот на регионот на Охридското Езеро како светско наследство.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Подигнување на свесноста на сите „актери“ во регионот преку нивната специфична и професионална обука, за „обврските“ што ги имаат кон статусот на регионот Светско наследство.
  2. Создавање нова „клима“ на соработка помеѓу телата одговорни за управување и заштита на регионот на Охридското Езеро како светско наследство и „засегнатите страни“ во регионот преку изготвување и одобрување на Стратегија за комуникација.
  3. Составување и објавување на серија информативни и сензибилизирачки материјали не само за локалните и регионалните „актери“, туку и за министерствата одговорни за зачувување и управување со Охридското Езеро како светско наследство.

АКТИВНОСТИ

  1. Подготвување програма за обука за три интересни групи
  2. Идентификација на проблемите кои се поврзани со управувањето со регионот како светското наследство и да се препорача еден road map за во иднина
  3. Организирање на три тркалезни маси со „актери“ во регионот и изготвување стратегија за комуникација со заедницата

Веб страна