Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Објавено: 15/12/2021
Вкупен буџет: 277.440 MKД
Времетраење: 01.12.2021 – 31.05.2022 (6 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Локално население во Куманово, пред се земјоделци, локална самоуправа и инспекторат за животна средина, бизнис сектор (каменоломи) и локални граѓански организации
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Еко дрон патрола (еко патрола со беспилотно возило) – дигитална + зелена трансформација
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Надлежните служби од Општина Куманово апелираат секоја година до сите земјоделци, бизнис сектор и други засегнати страни од Североистичниот регион да не ги исфрлаат растителните отпадоци од нивите, да не ги палат стрништата, како и да не се загадува амбиенталниот воздух од каменоломите и останатите загадувачи. Непостоењето на бесплатна телефонска линија и/или интернет платформа за пријавување на вакви настани дополнително го усложнува проблемот. Потребно е да се изработи план за реонско собирање на растителен отпад и мониторинг на амбиенталниот воздух во близина на земјоделските површини, каменолимте и сл.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел:
Да се поттикне унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини и ублажување на ефектите од климатските промени со помош на дигиталната трансформација.
Специфична цел/и:
Да се зголеми мотивацијата и активно да се вклучи локалното население, пред се земјоделци и/или базнис сектор (каменоломи) во процесот на унапредување на животната средина кај загадување на воздухот, водите, почвата и јавни зелени површини преку соработка/партнерство/вмрежување на локалните актери кај локалната самоуправа.
РЕЗУЛТАТИ
- Изготвена методологија за мониторинг со дрон за период ноември 2021-април 2022 со подготвена елаборирана географска и аеро анализа на потребите на целните групи
- Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон (беспилотни надлетување од времетраење од 35-40 мин.), визуелно (живо) видео снимање и продукција, мониторирање и идентификување на можности за загадување на воздухот, водите, почвата, јавни зелени површини во Општина Куманово.
- Зајакната соработка/партнерство/вмрежување помеѓу ЦОР Елипса и Фондација за развој на мали и средни претпријатија преку потпишан меморандум за соработка за идни заедничка проекти пред се на ЕУ проекти.
АКТИВНОСТИ
- Повик до сите засегнати страни за имплементирање на проектната акција и спроведување на проектните активности;
- Пријавени и/или спроведени 16-24 прелети со дрон
- Подготовка на Еко дрон патрола визуелна видео анализа за период ноември 2021-април 2022
- Формализирање на соработка/партнерство/вмрежување помеѓу Фондација за развој на мали и средни претпријатија и ЦОР Елипса преку потпишан меморандум за соработка, како и можност за отворање на бесплатна телефонска линија и/или интернет платформа
- Промоција на постигнатите резултати преку објавување на финалниот извештај