Здружение за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар Доза среќа“ Скопје
Објавено: 16/01/2020
Вкупен буџет: 310.000 МКД
Времетраење: 1.12.2019 – 30.9.2020
Конституенти
Корисниците на Дневниот центар за Даунов синдром
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Транзиција кон независен живот на децата со Даунов синдром
За што е потребна акцијата
Лицата со Даунов синдром, како една од заедниците кои живеат на маргините на општеството, заслужуваат да добијат можност да ги уживаат своите права, да го почувствуваат достоинството и да бидат вклучени во општествената заедница. Од една страна, без минимум материјални ресурси, физички и општествени добра, невозможно е да се уживаат човековите, политичките, економските, општествените и културните права. Од друга страна, од особено значење е овие деца/лица да добиваат индивидуален третман бидејќи на таков начин ја добиваат соодветната поддршка согласно индивидуалните можности, способности и потреби.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Оспособување на децата со Даунов синдром за извршување на нивните секојдневни обврски.
Специфични цели:
- Стекнување навики за одржување на редот и хигиената во домот;
- Поддржана набавка на прехранбени намирници и подготвување елементарни јадења;
- Подобрување на психофизичката состојба преку континуирани активни вежби.
Резултати
- Подобрување на способноста за артикулација на говорот;
- Стекнување навики за лична хигиена;
- Подготовка елементарни јадења;
- Комуникација и координација на активностите;
- Координација во микро и макро просторот, базична моторика и манипулација со објекти.
Активности
- Работа со логопед за македонски и албански јазик, преку чести индивидуални и групни вежби;
- Стекнување и подобрување на навиките за лична хигиена;
- Прикажување на процесот на подготовка на елементарни јадења, волонтери во Дневниот центар, со постојана интеракција со децата;
- Индивидуални и групни вежби согласно потребата на корисникот за просторна координација.