Здружение за еднакви можности и меѓуетничка соработка АЛ-МА, Скопје
Објавено: 16/01/2020
Вкупен буџет: 290.000 МКД
Времетраење: 1.12.2019 – 30.4.2019
Конституенти
Учениците, родителите и наставниците од училиштата
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Различностите не се пречка за дружење
За што е потребна акцијата
Преку едукација и игри децата од главните училишта во Студеничани и Драчево ќе ги отстранат стереотипите и стравот на етничките заедници една од друга и со тоа ќе придонесат во превенција на конфликтите кои во иднина можат да се појават меѓу овие деца на етничка основа. Ова ќе се постигне само доколку децата се запознаат, доколку учествуваат во заеднички активности и уште од мали нозе да станат другарчиња и да ги прифатат другите како еднакви на себеси.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се даде активен придонес во социоекономскиот развој на децата од Студеничани и Драчево преку развивање на културата и уметноста.
Специфични цели:
- Да се приближи културата и уметноста до децата од Студеничани и Драчево;
- Откривање на талентите кај овие деца.
Резултати
- Ќе се избегнат ситуации во кои учесниците од едната етничка заедница ќе бидат доживеани како помалку вредни од припадниците на другата етничка заедница;
- Ќе се организираат чести, долги и блиски контакти меѓу учесниците од различните етнички заедници, со цел тие да прераснат во другарски односи на лично ниво;
- Раководството, наставниците и родителите ќе се залагаат за политика на прифаќање и почитување на разликите;
- Откривање на скриените таленти кај децата.
Активности
- Средба со училиштата, родителите и децата на кои ќе им бидат презентирани активностите кои се предвидени за овој проект
- Театарска претстава и дискусија за филмски проекции;
- Интерактивна дискусија за атрактивни литературни наслови
- Чистење на училишните дворови, садење садници и организирано дружење меѓу децата;
- Ликовни активности и избор на најдобрите ликовни остварувања.