Здружение за заштита и унапредување на животната средина ЕКО ЛОГИК – Скопје

Вкупен буџет: 315.995 МКД

Времетраење: 15.11.2019 – 15.7.2020

Конституенти

– Основни училишта дел од мрежата „Вело училишта“, нивниот персонал, ученици и родители;

– Првата официјална мрежа за промоција на велосипедизмот во Северна Македонија;

– Локалните власти (општини во кои „Вело училишта“ како мрежа има свои членки но и останати општини кои во иднина ќе се стимулираат да се вклучат);

– Републички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

 

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Вело полигон

За што е потребна акцијата

Во моментов „Вело училишта“ има низ повеќе градови на земјава, и тоа во: Скопје, Кочани, Демир Капија, Неготино, Виница, Чашка, Чешиново Облешево, Радовиш, Штип, Струга, Куманово, Свети Николе. Во процес на отворање се уште 20-тина училишта од други општини низ земјата. Kреирањето „Вело полигон“ претставува надополнување на тековната програма „Вело училишта“. Имено, заради користењето, полигонот константно се амортизира низ годините, со што се јавува потреба од поправки и/или креирање на целосно нови вежби. Со овој проект ќе им се излезе во пресрет на овие потреби.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Зголемување и унапредување на знаењето меѓу децата, нивните родители, наставниците и пошироката јавност за темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување, климатски промени и безбедност во сообраќајот.

Специфични цели:

– Воведување нови и креативни начини на учење (спорт и рекреација, здрав начин на живот, екологија, климатски промени и аерозагадување, етика, морал, безбедност во сообраќај);

– Инклузија помеѓу сите деца, без разлика на нивната етничка припадност, социјален и/или економски статус, географска распространетост, пол и друго.

Резултати

  1. Унапреден и збогатен тековен „Вело полигон“ на Еко Логик, кој е на располагање на повеќе од 25 училишта членки на мрежата на „Вело училишта“;
  2. Зголемена популарност и атрактивност на проектот „Вело училишта“ и зголемен интерес од деца и родители за серијалот на настани „Вело родео“;
  3. Зголемен интерес на локалните власти за учество и поддршка на „Вело родео“ настани на нивната територија.

Активности

  1. Подготовка на концепт за вело полигон
  2. Изработка на вело полигон
  3. Организирање на „Вело родео“ настан со ново-креираниот полигон

 

Веб страна

Продолжи со читање

  • НВО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

    Вкупен буџет: 350.000 МКД Времетраење: 01.03 – 30.09.2022  (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Акциите се однесуваат на членките на трите НВО (НВО Центар за хумани односи, НВО Крушевска жена и НВО Здружени за туризам и угостителство), локалната администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево како и на  средношколците во туристичката насока во…

  • ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

    Вкупен буџет: 330.000 MKД Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС                   Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА…

  • МЕЃУОПШТИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ГРАДСКО И ЧАШКА – МОБИЛНОСТ, ВЕЛЕС

    Вкупен буџет: 366.200 MKД Времетраење: 15.02 – 30.09.2022 (7.5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Деца со попреченост и нивните родители. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Направи сам за своето дете (прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали) ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Специјализираните дидактички материјали за работа со деца со…

  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА

    Вкупен буџет: 946.000 MKД Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково…

  • Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК

    Вкупен буџет: 277,200 МКД Времетраење: 1.12.2021-30.4.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Лица под социјален ризик во Општините Бутел и Чучер Сандево ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Детектирање, советување и упатување на лица под социјален ризик ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Според регистарот на Центарот за социјална работа  на ниво на Општина…

  • Сојуз- Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

    Вкупен буџет: 320 000 MKД Времетраење: 1.12.2021-30.04.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Женски граѓански организации, женски неформални движења и жени ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Силни женски организации, силни општини, силно општество ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Придобивка од акцијата ќе имаат општини или заедници во кои ќе се детектираат неактивни…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор