Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 1.3.2020 – 28.2.2021

Конституенти

Примарна целна група се лицата со ментална попреченост и нивните семејства. Активностите исто така ќе бидат насочени кон органите на централната и локалната власт, институциите од јавниот сектор поврзани со областа на менталното здравје, медиумите, граѓанските организации и општата јавност.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Акција за поддршка на менталното здравје

За што е потребна акцијата

Законот за ментално здравје од 2006 година е застарен, недоволно сеопфатен и потребни се промени за кои не постои интерес и иницијатива во јавноста. Во 2018 година донесена е Национална стратегија за унапредување на менталното здравје со акциски план (2018-2025) која во голема мера ги опфаќа актуелните проблеми кои не се дел од Законот, како на пример превенцијата и вонинституционалното покривање на менталното здравје. Овие аспекти кои се дел од Стратегијата потребно е соодветно да се канализираат и во Законот.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да придонесе кон социјална инклузија и еднакви можности за лицата кои боледуваат од ментални болести.

Специфични цели:

  • Да се подигне свеста, да се работи на отстранување на стигмата против менталните болести кај пошироката јавност, да се актуелизира проблематиката и поттикне дијалог помеѓу разните чинители за тековните проблеми;
  • Да се даде придонес кон ресоцијализација и реинтеграција во општеството на лицата кои имаат нарушено ментално здравје;
  • Да се подобрат јавните политики на централно и локално ниво за третман на ментални заболувања во земјата;
  • Да се придонесе кон заштита на менталното здравје, кон превентива од ментални болести и позитивно да се влијае врз менталното здравје на граѓаните.

Резултати

  1. Отпочната е иницијатива за подобрување на постоечкиот Закон за ментално здравје и за подобрување на законодавството од областа на менталното здравје на други начини;
  2. Подготовка на пилот број на списанието „Ментално здравје“;
  3. Групни сесии за психотерапија;
  4. Одржани 10 сесии арт терапија;
  5. Изготвен е документ за јавни политики;
  6. Фејсбук кампања за подигнување на свеста за менталното здравје.

Активности

  1. Работилница за современа терапија со медикаменти во психијатријата;
  2. Работилница за примена на различни методи во психотерапијата;
  3. Јавна трибина на тема „Предизвиците во ресоцијализација, реинтеграција и рехабилитација на лица со ментални болести“;
  4. Јавна трибина за предлог- измени на Законот за ментално здравје;
  5. Пилот број на списанието „Ментално здравје“ отпечатено во 500 примероци;
  6. Сесии за групна психотерапија водени од психотерапевти;
  7. Арт терапија водена од уметници;
  8. Истражување и публикација во врска со постоечкиот Закон за ментално здравје и можностите за негово подобрување;
  9. Кампања за подигнување на свеста која ќе се одвива преку социјалните медиуми;
  10. Делење летоци за одбележување на Светскиот ден на менталното здравје;
  11. Промоција на видео спот.

Веб страна