Вкупен буџет: 324.000 МКД

Времетраење: 1.4.2020 – 31.3.2021

Конституенти

Млади

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Финансиска едукација за паметни одлуки

За што е потребна акцијата

Во одредени моменти од својот живот младите луѓе се соочуваат со товарот од носење крупни животни одлуки кои со себе носат и висок степен на финансиска одговорност. Земајќи ја предвид сериозноста на финансиската одговорност, се наметнува потребата од подигнување на нивото на финансиската писменост кај младите луѓе, со цел успешно и одговорно справување со предизвиците кои им претстојат. Преку ваквиот вид на образование, младите ќе можат соодветно да ги идентификуваат финансиските ризици и можности, со што ќе се обезбедат услови и за нивно активно учество во креирањето на јавните политики. Последователно, тоа би резултирало со воспоставување финансиски систем кој ќе генерира поквалитетни финансиски производи и услуги кои обезбедуваат социјална вредност и ја потврдуваат улогата на финансискиот систем и нејзините институции во служба на економијата и општеството во целост.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигнување на нивото на финансиска писменост кај младите во Северна Македонија и создавање на општество базирано на знаење (knowledge based society).

Специфични цели:

  • Зголемување на финансиската свест кај младите за одговорно управување со личните финансии;
  • Подигнување на степенот на финансиска инклузија на младите, како креирање повисоки стандарди во однос на заштитата на младите потрошувачи при користење на финансиските услуги и производи.

Резултати

  • Одржани три едукативни настани/предавања за подигнување на нивото на финансиска писменост кај младите, со кои би се опфатиле најмногу 100 ученици по настан/предавање;
  • Изработено едукативно видео од три до пет минути со клучните поенти од предавањата;
  • Спроведена анализа во врска со финансиската писменост кај младите и изработен извештај за реализација на предметната акција.

Активности

  1. Анализа на финансиската писменост кај младите и идентификување на темите за дискусија на предавањата;
  2. Одржување на едукативни настани/ предавања за подигнување на нивото на финансиска писменост кај младите;
  3. Изработка на едукативно видео.

Веб страна