Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 1.4.2020 – 31.7.2020

Конституенти

Граѓаните на Република Северна Македонија директно и вработените во јавната администрација индиректно.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Подароци – поткуп или внимание

За што е потребна акцијата

Прашањето на подароци во Република Северна Македонија не е многу обработувано, иако реално преставува сериозен проблем. Постојат бројни одредби во законите и подзаконските акти, кои упатуваат на недозволивоста на примањето на подароци. Сепак не постои систематизиран пристап за градење на свеста за негативната страна на оваа појава, без практични примери и на соодветен начин приближен до граѓанинот. Поради тоа, неретко граѓаните не знаат како да се однесуваат и кои критериуми да ги следат.   

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Креирање на општество нетолерантно на корупција.

Специфични цели:

  • Идентификување и соодветно менаџирање со можните ризици од корупција во јавниот сектор;
  • Зајакнување на учеството на граѓаните во насока на стеснување на просторот за коруптивни дела.

Резултати

  • Обезбедени информации за знаењето/ свесноста на граѓаните за давањето подароци во јавната служба и ефектите од истото, како и нивото на толерирање на оваа појава;
  • Изготвена анализа со заклучоци и препораки врз основа на спроведено истражување на јавната свест и соодветна легислатива и документација;
  • Објавена анализа.

Активности

  1. Изготвување на прашалник за потребите на истражувањето;
  2. Спроведување истражување на знаењето на граѓаните за примање и давање подароци и колкава е толеранцијата кон оваа појава како облик на корупција;
  3. Изготвување анализа за знаењето на граѓаните;
  4. Електронско објавување и споделување на спроведена анализа.