Здружение за едукација, еманципација и остварување на правата на жените „БИДИ ХРАБРА“- Скопје
Објавено: 17/06/2020
Вкупен буџет: 320.000 МКД
Времетраење: 1.3.2020 – 30.9.2020
Конституенти
Сите деца од 11 до 14 години кои учат во основните училишта во Општина Бутел.
За проектот поддржан од Цивика мобилитас
Подготвени да ги учиме децата на соживот
За што е потребна акцијата
Образованието, кое треба да ги всади вистинските вредности за животот кај учениците, со години наназад ја губи својата улога. Родителите не се свесни дека секојдневието на нивните деца е исполнето со булинг, малтретирање, навредување, недолични дофрлувања и сеење страв од други ученици. За жал, повеќето случаи завршувале под тепих, со поплаки до класните раководители, педагогот или директорот, скриени од јавноста. Ништо не е преземено ни за одредени социјалните мрежи кои се популарни кај учениците, а каде секој со скриен идентитет може за другиот ученик да напише сѐ што сака и за тоа да не сноси никаква одговорност.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Да се воведе, воспостави, промовира и да се стави во функција модел за интегриран пристап нa генералните и специјализираните услуги за поддршка и заштита на учениците од малтретирање, навредување, недолични дофрлувања и сеење страв од други ученици без разлика на етничка, верска или национална припадност.
Специфични цели:
- Подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг, превенција од истото и промоција на ненасилство;
- Подобрување на улогата на родителот, професорот и на самото дете кое ќе почне да расте со поголема самодоверба.
Резултати
- Подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг и превенција од истото и добивање наоди за идните потреби на сите училишта;
- Подигнување на свеста кај родителите дека не е подобро децата да ги научиме да бидат лоши за да се снајдат во денешниот свет;
- Подигнување на свеста кај родители кои не примаат критика за сопствените деца, дека тие треба да се позитивно прифатени за нормален раст и кариерен развој согласно желбите и очекувањата на секое дете;
- Подигнување на свеста кај професорите да ги учат децата на соживот, а не само на лекции;
- Охрабрување на децата да говорат јавно за неубавите случки кои ги доживеале;
- Едукација на децата за прифаќање на своите другари како еднакви на себе без разлика на етничка, верска или национална припадност.
Активности
- Презентирање на реални информации и знаења како самостојно да се реализираат сите потребни процедури за подигнување на свеста за рана детекција на ситуации со булинг и негова превенција;
- Работилници за зајакнување на свеста за континуирана подигнување на свеста кај родителите;
- Работилница за кариерно советување;
- Работилница за да се подигне свеста кај професорите да ги учат децата на соживот;
- Работилница за поттикнување на децата, особено тие што биле малтретирани, да добијат храброст јавно да го споделат проблемот и зголемување на самодовербата;
- Централен настан.