Здружение на граѓани ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики

Вкупен буџет: 330.000 МКД

Времетраење: 1.3.2020 – 31.7.2020

Конституенти

Политичките партии и поконкретно тимовите кои работат на економско-социјалните изборни програми. Директна целна група се најмногу три политички партии: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а индиректна целна група се сите други партии кои составуваат и објавуваат економско-социјални изборни програми.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Оценка на развојните и буџетските ефекти на изборните програми (економски делови) на политичките партии во Северна Македонија

За што е потребна акцијата

При составувањето на изборните програми, политичките партии најчесто внесуваат популизам кој резултира во нереални ветувања, или ветувања чија реализација може да значи наметнување нерамнотежа во економијата која ќе има долгорочни негативни последици. Ваквиот популизам, или борба за повеќе гласови, оневозможува да се дизајнираат економски програми кои ќе одговорат на реалните предизвици на начин кој ќе обезбеди соодветна алокација на ресурсите во економијата, вклучувајќи и политички непопуларни чекори во делот на структурните реформи, чии резултати не се видливи во време на еден политички мандат. Дел од проблемот лежи уште во фазата на составување на изборните економски програми – недостатокот на механизам за оценка на ефектите од предложените политики и мерки (на пример, постојано зголемување на пензиите), или, земено обратно, недостатокот на механизам за оценка на изводливоста на ветените резултати (на пример, просечна плата од 31.000 денари).

Finance Think го изгради МК-МОД – Микросимулациски модел за даноци и социјални надоместоци во 2017 година. Моделот овозможува пресметување на ефектите од даноците и социјалните надоместоци врз приходите на домаќинствата и стимулациите за работа за населението во земјата. Во текот на претходните две години, моделот постојано се ажурираше и надградуваше со промените и развојот на економските и социјалните политики во Северна Македонија, со што се хранеше креирањето на политиките и јавниот дискурс со докази и факти што се водат од податоци, што придонесе економската дебата да се направи поцврста и заснована врз докази.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да ги подобри економските и социјалните политики во Северна Македонија.

Специфични цел: Да го понуди МК-МОД на големите политички партии, за да ги измерат ефектите од клучната предложена даночно-социјална политика за претстојните парламентарни избори 2020 година.

Резултати

  • Економските програми на политичките партии се подобро структурирани;
  • Намалени се популистичките елементи, нереални ветувања и пристапот „проба и грешка“ во економските / социјалните политики;
  • Политичките партии имаат повисоки вештини да користат податоци, резултати и наоди, како и да покажат понатамошен отворен ум кон користење податоци, резултати и симулации во креирањето на политиките;
  • Експертската заедница е обезбедена со докази и податоци поврзани со економските програми на партиите, кои ќе се користат за попродуктивна, структурирана и конгруентна јавна дебата;
  • Јавноста има појасна слика за границите на економските политики, па оттука и подобро усогласени очекувања со реалноста.

Активности

  1. Ажурирање на МК-МОД;
  2. Писмо до политичките партии и објавување на интернет / социјалните медиуми;
  3. Средба со политичките партии (доколку реагираат позитивно), потпишување договори;
  4. Добивање инпути и симулации;
  5. Презентирање на резултатите пред политичките партии;
  6. Прилагодувања, доколку одлучат да ги променат / прилагодат политиките по анализата на резултатите;
  7. Објавување на резултати;
  8. Информирање на јавната дебата;
  9. Серија визуелни производи.

Веб страна

Продолжи со читање

  • НВО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО

    Вкупен буџет: 350.000 МКД Времетраење: 01.03 – 30.09.2022  (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Акциите се однесуваат на членките на трите НВО (НВО Центар за хумани односи, НВО Крушевска жена и НВО Здружени за туризам и угостителство), локалната администрација и вработените во ЈКП Комуна Крушево како и на  средношколците во туристичката насока во…

  • ЗДРУЖЕНИЕ ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ЗНАЕЊА И КРЕАТИВЕН РАЗВОЈ ПРИМА ЦЕНТАР СКОПЈЕ

    Вкупен буџет: 330.000 MKД Времетраење: 01.04 – 01.06.2022 (2 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Граѓани кои живеат во високи згради, ученици од средните училишта во Општина Карпош, пожарникари, градоначалникот на општината, куќни совети на станари, медиуми. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС                   Противпожарно заштитена зграда – безбедна општина ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА…

  • МЕЃУОПШТИНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА ОПШТИНИТЕ ВЕЛЕС, ГРАДСКО И ЧАШКА – МОБИЛНОСТ, ВЕЛЕС

    Вкупен буџет: 366.200 MKД Времетраење: 15.02 – 30.09.2022 (7.5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Деца со попреченост и нивните родители. ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Направи сам за своето дете (прирачник за изработка на дидактички материјали од отпадни материјали) ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Специјализираните дидактички материјали за работа со деца со…

  • ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА

    Вкупен буџет: 946.000 MKД Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково…

  • Здружение за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК

    Вкупен буџет: 277,200 МКД Времетраење: 1.12.2021-30.4.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Лица под социјален ризик во Општините Бутел и Чучер Сандево ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Детектирање, советување и упатување на лица под социјален ризик ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Според регистарот на Центарот за социјална работа  на ниво на Општина…

  • Сојуз- Национален совет за родова рамноправност (СОЖМ)

    Вкупен буџет: 320 000 MKД Времетраење: 1.12.2021-30.04.2022 (5 месеци) КОНСТИТУЕНТИ Женски граѓански организации, женски неформални движења и жени ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС Силни женски организации, силни општини, силно општество ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА Придобивка од акцијата ќе имаат општини или заедници во кои ќе се детектираат неактивни…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор