Вкупен буџет: 361.500 МКД

Времетраење: 1.3.2020 – 31.5.2020

Конституенти

Со кампањата ќе бидат опфатени 10 претставници од граѓанскиот сектор или неформални групи (волонтери, младински активисти) кои работат на полето на човекови права, родова еднаквост, едукација на маргинализирани групи; 100 Ромки на возраст над 18 години; како и население (жени и мажи над 18 години) како од општините со поголема застапеност на  ромско население (Шуто Оризари, Чаир, Ѓорче Петров) така и поширока популација која ќе биде опфатена преку видео кампања.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Одлучи сама- твој глас, твое право!

За што е потребна акцијата

Феноменот на семејно и групно гласање – кога одлуката за гласање на индивидуален избирач е неправедно направена под влијание на друг член на семејството, се јавува многу често во многу ромски заедници во Македонија. Ова особено влијае на жените Ромки. Културните и образовните бариери се главната причина за овој феномен. Семејно гласање не може секогаш да биде видливо на гласачките кутии затоа што ранливиот гласач (најчесто жена) лесно може да биде подложен на неправедно влијание, што го практикува најчесто главата на семејството, доколку таа не верува или не ги знае своите основни права на гласање.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Да ги зајакнат ранливите жени Ромки, преку едукација за нивното независно право на глас  како една од клучните алатки за промовирање на родовата еднаквост во изборниот процес.

Специфични цели:

  • Да ги поттикне ГО и неформалните групи да станат промотори на избирачките права на жените во своите заедници;
  • Да ги информира и едуцира ранливите жени Ромки да станат  свесни за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на изразување и правото на независно и самостојно гласање.
  • Да се допре до пошироката популација и да се актуализира неповредливоста на гласачките права на жените.

Резултати

  • Обучени 10 лица вклучени во граѓанскиот сектор или неформални групи (работници, волонтери, активисти), кои ќе стекнат вештини за промовирање на гласачките права на жените во нивните општини;
  • Најмалку 100 ранливи жени Ромки, како и членови на нивните семејства како индиректни корисници, зајакнати со знаење и вештини преку едукативно-информативни активности ќе бидат посвесни и уверени за неповредливоста и вредноста на нивната слобода на избор и правото на глас;
  • Информирана поширока популација мажи и жени на возраст над 18 години за гласачките права на жените преку видео кампања.

Активности

  1. Формирање на првата целна група на проектот- 10 учесници за обука и запознавање на целната група и соработниците со активностите на проектот;
  2. Реализација на Обука за 10 претставници од НВО и неформални групи;
  3. По завршувањето на обуката, дел од овие  лица ќе бидат ангажирани како промотори во нивните заедници преку организирање на кафе-сесии и информативни сесии со втората целна група.  Во текот на проектот ќе бидат организирани 10 кафе сесии како и индивидуални информативни сесии;
  4. Кампања на социјални медиуми – видео-кампања, во форма на анимирани видеа, илустрации и сведоштва, ќе биде креирана за визуелизација на избирачкото право и поттикнување на ранливите жени Ромки да гласаат независно.

Веб страна