Вкупен буџет: 1.798.800 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 31.05.2020

Конституенти

Организации на граѓанското општество, мрежи и механизми за поддршка; институции на локалната власт, локални и национални работни групи и комисии; медиуми; други недржавни актери (бизниси, деловни здруженија, синдикати) и граѓани/ки.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

ГО- промотори на дијалог, акција, креирање локални политики

За што е потребна акцијата

Законот за еднакви можности и родовата машинерија на локално ниво многу малку функционира. Локалните институции немаат доволни знаења, искуство, информации ниту капацитети за работата која треба да ја реализираат и законските обврски кои ги имаат. Ова се потврди и со заклучоците на собраниската Комисија за еднакви можности, одржана на 13 март 2019 година со координаторите и претседателите на Комисиите на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) на национално ниво. Еден од најголемите проблеми е неповолната положба и неактивноста  на жените на пазарот на труд, особено жените од руралните средини, жените жртви на родово и семејно насилство и други маргинализирани групи на жени.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Зајакнување на дијалогот и партнерството помеѓу единиците на локалната самоуправа и локалните граѓанските организации преку воведување на подобро структуриран и партиципативен систем нa родово сензитивни процеси во креирање на политики.

Специфични цели:

  • Зајакнување на капацитетите на локалните ГО и претставниците на ЕЛС за креирање на родово одговорни  јавни политики и буџети;
  • Унапредување на интерсекторската соработка и координација помеѓу ЕЛС, ГО и други засегнати страни во процесот на планирање и спроведување на ефективни политики и јавни акции во заедници;
  • Зголемување на активното учеството на граѓанските организации во креирање на политики и донесување на одлуки.

Резултати

  • Зајакнати капацитети за креирање на родово сензитивни политики на ГО и ЕЛС -подобрена соработка и меѓусебна поддршка;
  • ГО се проактивни, се поврзуваат и формираат меѓусекторска лоби мрежа, промовираат граѓанско учество, покренуваат иницијативи;
  • Политичката агенда на самоорганизираната меѓусекторска структура на ГО е прифатена/одобрена од локалните власти;
  • Предлог  акциски планови се усвоени и буџетирани од страна на општинските совети.

Активности

  1. Спроведување на две истражувања во областа (по едно во Теарце и во Пробиштип);
  2. Организирање обуки за градење на капацитетите и структурите на граѓанските организации и ЕЛС;
  3. Организирање консултативни средби за формирање неформални платформи составени од граѓански организации, ЕЛС и други засегнати страни;
  4. Организирање на работилници за креирање на Стратегија за економско јакнење на жените во општините и едногодишен акциски план;
  5. Публикување на два стратешки и два акциски плана;
  6. Реализирање на четири акции во заедницата/форуми;
  7. Организирање на кампања за промоција на проектот и резултатите од проектот;
  8. Медиумска презентација.

Веб страница