Во партнерство со Здружение за граѓански активизам и поттикнување на општествена одговорност ХОРИЗОН ЦИВИТАС – Скопје и Здружение за развој и активизам „Аква“ – Струга

Вкупен буџет: 2.593.579 МКД

Времетраење: 16 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Средношколци (вкупно 50 ученици) на возраст од 15-18 години од Струга и Скопје (Чаир, Бутел и Гази баба).

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

На иновативен едукативен и забавен начин да ги запознае младите со различните културни вредности (не само на сопствената култура туку и на другите култури) и преку практикување на вештини, заедничка почит и разбирање да се стекнат со знаења за мултикултурниот карактер на нашето општество.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Зајакнување на меѓуетничките односи и превенција од радикализација преку креирање на систем за врсничко учење, користење на креативни алатки, анализи и кампањи.

Специфична цел/и:

  • Зајакнување на меѓуетничките односи и превенција од радикализација преку креирање на систем за врсничко учење и користење на креативни алатки за адресирање на проблемите и предизвиците на младите во заедницата;
  • Анализа на состојбата на спортските терени и креирање основа за понатамошна работа со навивачките групи како темел за превенција на насилството на терен;
  • Анализа на последиците од КОВИД -19 врз меѓуетничките односи кај младите и начини на санирање на штетите и информирање на јавноста за добиените наоди;
  • Креирање на документарен материјал за специфичноста на спроведувањето на активности кои опфаќаат чувствителни теми како меѓуетничките односи и радикализмот помеѓу младите;

РЕЗУЛТАТИ

Циклус МУЛЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

  • Обучени 10 средношколци на возраст од 15 -18 години во следните области: мултикултурализам, користење креативни алатки (фотографија, театар, дигитален активизам, графити, стенсили и сл.), адресирање на проблемот во заедницата и пренесување на своето знаење и искуство на нова група врсници;
  • Спроведена една акција во заедницата преку креативни алатки и адресирани проблем.

Циклус ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАДИКАЛИЗАЦИЈА

  • Подготвена тренинг и менторска програма за млади и радикализација која води кон насилство;
  • Обучени 10 средношколци на возраст од 15 -18 години во следните области: радикализација и користење креативни алатки (фотографија, театар, дигитален активизам, графити, стенсили и сл.);
  • Работилници за креативни алатки;
  • Спроведена една акција во заедницата преку креативни алатки и адресирани проблеми
  • Спроведено едно истражување за идентификување на фактори кои влијаат врз насилство на спортски терени;
  • Спроведена анализа за последици од КОВИД кризата врз меѓуетничките односи;
  • Изработен документиран видео материјал за процесот на спроведување на проектот и резултатите од активностите.

АКТИВНОСТИ

Циклус МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ

  • Работилница за мултикултурализам и креативни алатки
  • Акција во заедницата
  • Обука за обучувачи и ментори

Циклус РАДИКАЛИЗАЦИЈА

  • Подготовка на тренинг и менторска програма за млади за превенција од радикализација која води кон разни форми на насилство;
  • Работилница за превенција од радикализација и креативни алатки;
  • Акција во заедницата;
  • Обука за обучувачи ментори;
  • Истражување за идентификација на фактори кои влијаат врз насилство на спортски терени;
  • Анализа – последици од КОВИД кризата врз мултикултурниот живот;
  • Видео документиран материјал од активностите.

Веб страна