Фондација НВО Инфоцентар Скопје
Објавено: 18/05/2021
Во партнерство со Здружение за локална демократија Центар на заедницата на општина Струга и Здружение Регионален центар за соработка СПЕКТАР – Крива Паланка
Вкупен буџет: 2.570.530 МКД
Времетраење: 15 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Главни конституенти: локални инспектори од 80 општини и Град Скопје, Инспекциски совет, најмалку девет граѓански организации и граѓани од Скопскиот, Североисточниот (од општините Крива Паланка, Куманово и Кратово) и Југозападниот (од општините Струга, Охрид и Дебар) регион.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Локални инспекциски служби во интерес на граѓаните
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Информираност и учество на граѓанските организации и на граѓаните во креирањето и донесувањето одлуки за децентрализацијата на локалните инспекторати според локалните потреби, практики и услуги според очекувањата на граѓаните како и зголемување на вклученоста на „grass root“ организациите во подобрувањето на локалните јавни политики за инспекциски надзор.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Независни и ефикасни инспекциски служби на локално ниво кои работат во интерес на граѓаните.
Специфична цел/и: Подобрување на функционалноста и транспарентноста на локалниот инспекциски надзор и поттикнување на двонасочната комуникација со граѓанските организации и граѓаните.
РЕЗУЛТАТИ
- Продлабочена соработка на општините со Инспекцискиот совет и меѓу самите општини, преку размена на знаење, информации и добри практики;
- Граѓанска иницијатива за подобрување на законската рамка за локален инспекциски надзор;
- Информирани граѓани за работата и надлежностите на локалните инспекциски служби.
АКТИВНОСТИ
- Работилници за локалните инспектори во 8 плански региони;
- Препораки за подобрување на законската рамка;
- Јавна дебата;
- Инфо-средби на инспекторите со граѓанските организации и граѓаните „Запознај го својот инспектор“;
- Продукција на информативни мултимедијални содржини;
- Препораки за поголема транспарентност и двонасочна комуникација на инспекциските служби со граѓаните;