Еколошко друштво Здравец 2002
Објавено: 18/05/2021
Во партнерство со Здружение на пензионери на Македонска Каменица и Здружение ГЛАС НА ЕДНАКВОСТА Македонска Каменица
Вкупен буџет: 2.599.400 МКД
Времетраење: 16 месеци
КОНСТИТУЕНТИ
Стари лица од Македонска Каменица кои живеат во руралните средини, односно планинските села Саса, Моштица, Косевица, Костин Дол, Луковица, Тодоровци, Дулица и Цера.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Со затварањето на рудник Саса во изминатите години голем дел од младите барајќи егзистенција го напуштија своето место на живеење и заминаа да бараат работа во државата и странство, оставајќи ги своите стари родители да живеат препуштени сами на себе. Со реализирање на овој проект старите и изнемоштени лица во руралните средини ќе бидат згрижени во секое време.
Со овој проект кој првпат се спроведува на територијата на општина Македонска Каменица ќе се олесни и работата и на институциите.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Дигитализација на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.
Специфична цел/и:
- Формирање на Диспечерски центар за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Формирање на мобилен тим за брзо реагирање за обезбедување на нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Обезбедување на социјални услуги за стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.
РЕЗУЛТАТИ
- Мапирани стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Обезбедени дигитални социјални услуги за 50 лица кои живеат во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Диспечерски центар за обезбедување на социјалните услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Мобилен тим за брзо реагирање за обезбедување на нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица.
АКТИВНОСТИ
- Промоција за почеток на проектот во Македонска Каменица;
- Изработка на социјална карта и мапирање на стари изнемоштени лица кои живеат во руралните средини во Македонска Каменица;
- Набавка на опрема;
- Избор на 50 лица за обезбедување на социјалните услуги за нега;
- Изработка на правни документи и тим за работа на диспечерскиот Центар;
- Организирање на обуки за диспечерскиот центар и мобилниот тим;
- Формирање на тим за обезбедување на социјални услуги за стари и изнемоштени лица во руралните средини во општина Македонска Каменица;
- Промоција на социјални услуги за нега на стари и изнемоштени лица во руралните средини;
- Завршен настан од реализација на проектот.