Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.06.2020 – 30.11.2021

КОНСТИТУЕНТИ

Жителите на населените места на Шар Планина, граѓаните, институциите, експертите, граѓанските организации кои веќе специфично се грижат за биодиверзитетот на Шар Планина.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Шар Планина – последната брана против еколошката катастрофа

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Прогласувањето за Национален парк е предвидено веќе долго време во урбанистичките планови а иницијативата е стара повеќе од една деценија. Од страна на еколошките организации што функционираат во насока на заштита на Шар Планина, веќе неколку пати се апелираше дека ситуацијата е алармантна и што поскоро треба да се реагира. Генерално, во овој масив функционира хаосот, без никаква грижа за тоа што реално претставува ова природно богатство.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел– Подигнување на јавната свест за потребата за зачувување на Шар Планина како природно богатство за одржување на рамнотежата во целиот екосистем во Република С.Македонија.

Специфична цел– Подигнување на свеста кај локалното население како и вклучување на повеќето институционални и општествени чинители за зачувување на природната рамнотежа на Шар Планина, со посебен осврт на нејзината заштита од штети предизвикани од човечки фактор.

Резултати

  • Децата се запознаени со поимите за чиста животна средина;
  • Децата препознаваат дека отпадоците се фрлаат на соодветно означени места;
  • Децата ги поттикнуваат родителите да се вклучат во процесот на доизградба на нивната свест за чиста животна средина;
  • Програмата успеа да придонесе да се развие интерес за грижа и свест кај најмладата популација, преку интерактивен пристап и забавен начин на комуникација;
  • Се поттикна соработката помеѓу градинките, општината, медиумите и бизнис секторот за заедничка грижа за заедничкиот простор на живеење и делување.

АКТИВНОСТИ

  1. Изработка на 3 илустрирани сликовници;
  2. Продукција на видео клип за животната средина;
  3. Развој на мобилна апликација (игра) за поттикнување и подобрување на свеста и грижата кон животната средина;
  4. Посета на сите градинки во општина Чаир, презентација на сликовниците и објаснување на важноста за грижа кон животната средина, информирање за мобилната апликација која може да ја играат заедно со родителите;
  5. Завршен настан и заедничка еко-свесна акција.