Во партнерство со  Здружение на граѓани Македонска медицинска студентска асоцијација – ММСА и Студентски организирана медицинска асоцијација СОМА, Штип.

Вкупен буџет: 2.550.000МКД

Времетраење: 15 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Доброволни дарители на коскена срцевина: млади граѓани (студенти) и возрасни граѓани од 18-60 годишна возраст од поголемите заедници: Mакедонци, Aлбанци, Роми, Срби, Турци, Власи и други.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

НФС – Програма за дарување срцевина

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Лекувањето на најтешките хематолошки заболувања (леукемиите), некои други тешки болести (апластична анемија) и неколку ретки болести (дефицит на имуниот систем) можат успешно да се лекуваат со трансплантација на коскена срцевина. Дарителите на коскена срцевина треба да имаат, по можност, комплетна идентичност на главниот ткивно совпадлив комплекс (ХЛА), полуидентичност или делумна идентичност. Најчести дарители за коскена срцевина се браќата или сестрите (доколку се идентични), но се помалиот број на деца рапидно ја смалуваа оваа можност за лекување на тешките хематолошки заболувања со трансплантација на коскена срцевина.

Со вклучувањето на дарители за коскена срцевина од сите заедници во државата и од соседно Косово ќе се подигне свеста на голем број граѓани и на тој начин во невладините организации (особено студентите) ќе се подобри нивното функционирање не само да ги завршат своите студии, туку и да бидат истовремено и дел од заедничката спремност за помош на тие на кои им е најнеопходна.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подигање свест за дарување на клетки, ткива и органи.

Специфична цел/и: Создавање Програма за дарување срцевина.

РЕЗУЛТАТИ

  • Функционален веб портал за Програма за дарување срцевина на англиски, на македонски јазик и на албански јазик;
  • Усогласени стандарди со Светската асоцијација за дарители на срцевина (WMDA) за подготовка на едукативни материјали и за потпишана согласност за дарување срцевина;
  • Отпечатени материјали и подготвени електронски прилози за организирање дарителски акции;
  • Одржана јавна расправа за механизмите на дарување срцевина во невладиниот и во владиниот сектор;
  • Остварени дарителски акции за регрутирање доброволни дарители на срцевина;
  • Регистрирани дарители за срцевина.

АКТИВНОСТИ

  1. Креирање веб портал за Програма за дарување срцевина на англиски, на македонски јазик и на албански јазик;
  2. Примена на стандардите од Светската асоцијација за дарители на срцевина (WMDA) за подготвување едукативни материјали и потпишана согласност за дарување срцевина;
  3. Печатење материјали и електронска  подготовка на прилози за  организирање дарителски акции;
  4. Јавна расправа за дарување срцевина во невладиниот и во владиниот сектор;
  5. Вклучување студентски и други заинтересирани невладини организации за регрутирање на доброволни дарители за срцевина;
  6. Вклучување дарители од Македонија и од заедниците (Албанци, Роми, Срби, Турци, Власи и други) во базата за дарители за срцевина.

Веб страна