Вкупен буџет: 1.800.000 МКД

Времетраење: 01.06.2019 – 30.09.2020

Конституенти

Граѓански организации и неформални групи, локални институции, самоуправа и медиуми од општините Гостивар, Тетово, Брвеница и Врапчиште.

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

„Локални мрежи за мултикултурализам“

За што е потребна акцијата

И покрај многуте акции спроведени во Полошкиот регион кои имаа за цел да се подобри меѓуетничкиот соживот, денес сѐ уште имаме поларизиран свет по етничка основа, нефункционални Комисии за односи меѓу заедниците (КОМЗ) без поддршка на локалната самоуправа, поделени  училишта, социјална дистанца и стихијно делување на ГО по ова прашање. Клучна и неминовна засегната страна во демократскиот свет е вклучување на ГО во процесите на планирање и имплементација на локалните политики.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Подобрен локален и регионален мултикултурен контекст застапуван од меѓусекторски мрежи иницирани од силни локални граѓански организации.

Специфични цели:

  • Евалуација на локалните политики и инцијативи кои се во насока на подобрување на мултикултурниот соживот во четирите пилот општини;
  • Подобрена хоризонтална соработка помеѓу различните клучни чинители на локално и регионално ниво за меѓукултурна интеграција;.

Резултати

  • Креиран Индекс на мултикултурализмот сочинет од индикатори применливи за сите општини;
  • Идентификувани позитивни и негативни страни на различните локални чинители кои имаат за цел подобрување на меѓуетничките односи;
  • Поттикната меѓуопштинска дискусија за состојбите со мултикултурализмот;
  • Креирани четири функционални мрежи сочинети од различни локални чинители кои придонесуваат кон подобрен мултикултурализам;
  • Инициран мулти секторски меѓуопштински сојуз кој се залага за зголемена регионална меѓукултурна соработка.

Активности

  1. Индекс на мултикултурализам;
  2. Формирање на локални мрежи за застапување на мултикултурни политики;
  3. Визионерски интегративни локални политики – иницирање на меѓуопштински сојуз за интегративен мултикултурализам;
  4. Локални работилници за застапување базирани на наодите од Индексот;
  5. Акции за застапување на локалните мрежи пред локалните власти;
  6. Промотивни активности.

Веб страница