Здружение за заштита на животни и животна средина Шепасти Ентузијасти Скопје

Вкупен буџет: 50.000 МКД

Времетраење: 22.04.2020 – 22.06.2020

Конституенти

Бездомни лица и социјално загрозени семејства и бездомни животни

За проектот поддржан од Цивика мобилитас

Помош за бездомните и ранливи битија афектирани од Kовид-19

За што е потребна акцијата

Помош на загрозените битија од целокупната ситуација со пандемијата КОВИД-19. Го користиме зборот битија, имплицирајќи го значењето на секое живо суштество, како и неопходната грижа која треба да постои кај секој од нас како индивидуи, а потоа и општеството.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Ублажување на последиците во пандемијата со фокус на помагање на ранливите групи од ова население – бездомните и ранливи лица, и бездомните животни

Специфични цели:

  • Обезбедување на хуманитарна помош за бездомните лица и социјално загрозените семејства, преку храна, облека, хигиенски продукти и најразличен тип на средства со јавни повици за донации од луѓе (мотивирање на реискористување наместо создавање отпад), и купување на она што ќе недостига;
  • Обезбедување на цевки хранилки во повеќе големи општини за бездомните животни. Изработка и монтажа на цевки хранилки. Истите ќе бидат поставени во повеќе општини каде флуктуираат бездомни животни, како на пример: Општина Карпош, Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Црниче, Кисела Вода.

Резултати

  1. Обезбедена хуманитарна помош за најзагрозените на локално ниво преку обезбедување на неопходни средства;
  2. Подобрена координација помеѓу ГО за ефективни хуманитарни и волонтерски активности;
  3. Информирана јавност, како и специфичните целни групи за мерките и препораките на државните институции во вонредната состојба преку онлајн кампањи и кратки видеа

Активности

  • Набавка и дистрибуција на хуманитарна и санитарна помош за социјално загрозените и маргинализираните групи;
  • Набавка, изработка и монтажа на хранилки и поставување низ општини за помош на бездомните животни;
  • Онлајн едукација преку кампањи и видеа за мерките за претпазливост, совети за активности во самоизолација и подобрување на психолошката состојбa.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје

    Буџет: 98.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Воспитно – стручен кадар за деца без родители и родителска грижа, и деца во ризик – без родители и родителска грижа сместени во мали групни домови За проектот поддржан од Цивика мобилитас Растеме со промените! За што е потребна акцијата…

  • Здружение за развој на ромската заедница во Македонија – Сумнал-Битола

    Буџет: 99.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Целната група се ученици од ромската заедница од прво до петто одделение од општинските основни училишта од Општина Битола во соработка со наставниот кадар од тие училишта и проектниот тим За проектот поддржан од Цивика мобилитас Виртуелна училница за поддршка…

  • Здружение за заштита на животните и животната средина Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам -ЕДЕН

    Буџет: 100.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.07.2020 Конституенти Социјално загрозени и маргинализирани категории на граѓани на територија на Град Скопје (опфатени со достава на готвена веганска храна) и општа јавност (опфатени со кампања за едукација) За проектот поддржан од Цивика мобилитас Промени ја исхраната, промени го светот! За…

  • Здружение ХОПС – опции за здрав живот Скопје

    Буџет: 99.031 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.06.2020 Конституенти Луѓе кои употребуваат дроги и нивните семејства, сексуални работници и нивните семејства и деца кои употребуваат дроги и нивните семејства За проектот поддржан од Цивика мобилитас Хуманитарна акција за помош на маргинализирани групи За што е потребна акцијата Проблемите со…

  • Кризен центар Надеж Скопје

    Буџет: 90.000 МКД Период на спроведување: 11.05 – 11.08.2020 Конституенти Жртви на семејно насилство За проектот поддржан од Цивика мобилитас Борбата со семејното насилство не завршува со почетокот на кризна состојба За што е потребна акцијата Во настанатата вонредна ситуација и забраната за движење, ги приморува луѓето да седат затворени…

  • Македонско здружение за заштита при работа Скопје

    Буџет: 97.000 МКД Период на спроведување: 22.04 – 22.06.2020 Конституенти Работници, работодавачи, граѓански организации, синдикални организации, организации на работодавачи, државни институции За проектот поддржан од Цивика мобилитас Подршка на работниците и работодавачите во услови на пандемија За што е потребна акцијата Недоволната информираност на работниците во услови на вонредна состојба…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор