Вебинар: Запознавање со новата е-платформа на програмата Цивика мобилитас, 27 април 2017
Четврток 27/04/2017, 14:00 - 15:00
Контакт: Елена Десковска 02 32 32 290; 02 32 31 345
Локација: Онлајн
Термин: 27 април 2017
Времетраење: 30 мин-1 час
Како дел од програмата на Цивика мобилитас, беше изработена Е-платформата која има за цел да ja зголеми и подобри употребата на информатички и комуникациски технологии (ИКТ) во промовирањето на работата, соработката, и развојот на ГО во Република Македонија. Оваа платформа е изградена за користење од страна на грантистите на ЦМ, како и за другите актери на граѓанското општество и нивните конституенти. Предвидено е оваа платфрома да се користи за соработка, истражување и развој, и за учење и споделување.
Вебинарот:
- ќе ви ги претстави новите функционалности на е-платформата на Цивика мобилитас
- ќе ви покаже како да ја користите е-платформата во вашата работа.
Регистрација: ве молиме пратете мејл со следниве податоци: име и презиме, име на организација од која доаѓате на elena.deskovska@deso.mk.