Бесплатно предавање: Како да организирате успешен вебинар?, почеток: 30 март 2017
Четврток 30/03/2017, 14:00 - 15:00
Контакт: +389 2 32 32 290
Локација: Онлајн
30 март 2017, 14.00 часот (онлајн предавање)
Онлајн предавањето (вебинарот) е наменет за организации кои работат во областа на образование на возрасни, како што се училишта за странски јазици и компјутери, организации кои организираат предавања за своите членови или корисници, здруженија на граѓани, работнички универзитети, и воопшто секого вклучен во областа на образование на возрасни.
Предавањето ќе ви помогне да научите:
- кои се предностите во користењето на вебинарите во образованието на возрасни
- како ефективно да го промовирате вашиот вебинар
- како да организирате успешна вебинар сесија (предавање)
- кои вебинар алатки можете да ги користите во вашите предавања/курсеви
Содржина на вебинарот: презентација + прашања/дискусија
Времетраење: 1 час
Цена: учеството е бесплатно
Јазик: македонски
Потребна опрема: секој учесник треба да има компјутер со камера, добар Интернет, и слушалки со микрофон.
Регистрација: ве молиме пратете мејл со следниве податоци: име и презиме, својство (предавач, обучувач. итн.), име на организација од која доаѓате, образовна област (пр. странски јазици) во која сте активни, како и телефон за контакт, на info3@deso.mk.
* Секој учесник добива и сертификат.
Во насловот на пораката напишете: за вебинар 30 март 2017.
Пријавувањето е најдоцна до 29 март 2017. Бројот на учесници е ограничен.
Финансирано од програмата на Европската унија Еразмус+