Одржана обука за нови предавачи по „Учиме право“
На 3 и 4 декември (сабота и недела), 2016 година во просториите на Младински клуб се одржа обуката за нова генерација на предавачи по „Учиме право“ организирана од Младинскиот образовен форум, поддражана од Цивика мобилитас и Фондацијата Отворено Општество Македонија. На оваа обука учествуваа 23 учесници од Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Струга, Делчево и Прилеп. За целите на оваа обука МОФ распиша јавен повик на кој учесниците беа избрани врз основа на поднесената апликација која се состоеше од кратка биографија, мотивационо писмо како и пополнување на формулар.



Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) Ве поканува на 7 декември (среда) од 10 часот во хотел Карпош на презентација на два извештаи од истражување на јавното мислење за “Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост” и “Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите”.


