Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Информативна средба за проблемот со миграциите

    IZVOR Kratovo informativna sredba na tema migraciiМиграцијата на населението од Североисточниот регион, особено на младата популација беше тема на информативната средба што ја организираше Неформалната мрежа на граѓански организации, а се одржа на 12 април 2016 година во хотелот Кратис во Кратово.

  • Четврта обука на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”

    IPDV obuka 1Институтот за истражување на политики и добро владеење – ИПДВ во рамки на програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана oд Македонски Центар за Меѓународна Соработка МЦМС, НИРАС од ДАНСКА и Шведскиот Институт за Јавна администрација (СИПУ) финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во период од 16-17 Април, во Штип ја реализираше четвртата обука во рамките на проектот “Интер-етнички дијалог и соработка помеѓу младите во Македонија”

  • Повик за учество на работилница

    logo iprg 1Институтот за истражување на политики и добро владеење ги поканува младите активисти од различна етничка припадност, претставници на младински невладини организации, други младински групи, здруженија, студентски групи, итн. да се пријават и да учествуваат на работилницата што ќе се одржи на 16 и 17 април 2016 година во Штип.

  • Повик за камп за лидери

    mladite mozat1Организацијата „Младите можат“ ги поканува сите млади лидери на возраст од 17 до 22 години, кои се подготвени да работат на својот личен развој и да придонесат за позитивни промени во заедницата да се пријават на повикот за учество на кампот за лидери што ќе се организира од 5 до 11 мај 2016 година на Пониква, Осогово.

  • „Флоренс Најтингејл“ одржа годишно собрание

    FN godisno sobranie 142016 1Мултиетничко здружение „Флоренс Најтингејл“ од Куманово на 28.03.2016 година го одржа годишното собрание на кое беа поканети и учествуваа членови на раководството, на Надзорниот и на Советодавен одбор како и конституенти на организацијата.

  • Плурализмот и политичката криза

    ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавна дискусија на тема „Плурализмот и политичката криза“ која ќе се одржи во понеделник, 4 април 2016 година во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.

  • АДИ го презентира извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар

    ADI izvestaj 3132016 1Во рамките на проектот „Превенција од современите форми на трговија со луѓе“ на 30.03.2016 год. во Гостивар се одржа презентација на Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.

  • Како средношколците ја разбираат трговијата со луѓе – презентација на истражувачки извештај

    ADI logoАсоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), на 30 март 2016 година, во Центарот за развој на младите – Гостивар (општинска зграда) ќе го презентира Извештајот од истражувањето за перцепциите и сфаќањата на средношколците и ранливите групи за современите форми на трговија со луѓе во Куманово и Гостивар.

  • Тркалезна маса на КХАМ Делчево

    KHAM logoНа 29.03.2016 година (вторник), со почеток во 14 часот, во клубот ГЕМ во Скопје организацијата КХАМ од Делчево ќе ја одржи тркалезната маса на тема „Иницијатива за бесплатни стоматолошки услуги за деца од 7 до 14 години чии семејства се корисници на социјална парична помош“.

  • Говорот на омраза тема на втората психоарт работилница на Гешталт центарот

    Aspekti 1На 23 март 2016 година, во просториите на гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, стручниот тим на Гешталт центарот „Младен Костиќ“ Аспекти ја одржа втората психоарт работилница. Овој пат, темата беше „Идентификација на говорот на омраза и изразување на чувствата преку арт експресија“.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор