idscs logo

Како до поголема социјална вклученост?

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Ве поканува на презентација на три извештаи од набљудување на програми за социјална заштита што ќе се одржи на 13 март во хотел Карпош со почеток од 11 часот. Покрај тоа, ќе бидат презентирани и два кратки документи за јавни политики:
– „Подобрување на соработката на граѓанските организации и државните институции во насока на унапредување на системот на социјална заштита во Република Македонија” и
– “Како до подобар систем на социјална заштита во Република Македонија“.

Извештаите и документите за јавни политики спроведени во рамки на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“, финансиран од Европската Унија, ќе дадат препораки за подобрување и унапредување на системот и на механизмите за социјална заштита на локално и национално ниво.

Претходните истражувања во рамки на проектот за перцепциите на примателите на социјална помош покажаа дека мнозинството од нив сметаат дека примањата кои ги добиваат во форма социјална помош не се воопшто доволни за задоволување на нивните основни потреби. Поголем дел приматели на социјална помош сметаат дека во Македонија е многу тешко да се најде работа. Доминантен дел тврдат дека во текот на последната година, нивните месечни трошоци се зголемиле и на иднината гледаат со песимизам.

Општата цел на проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите“ е унапредување на социјалната вклученост преку зајакнување на капацитетот на локалните чинители. Притоа, да се зајакнат капацитетите на Јавната установа Завод за социјални дејсности (ЗСД), Центрите за социјална работа (ЦСР), како и граѓанските организации (ГО) кои работат во полето на социјална заштита, и да се развијат иновативни програми за социјална вклученост преку ефективно искористување на ЕУ фондовите.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор