MEGJASHI logo

Безбедноста и сигурноста на децата пред се!

Како организација која се грижи за децата, внимателно и со голема загриженост и страв следиме што се случува во Република Македонија последниве години и конкретно сега, овој период. Се обраќаме во врска со присуството на деца на протестите.

Според Повелбата на Детската амбасада МЕЃАШИ децата се само деца, тие не познаваат граници бидејќи ,,каде започнува светот со граници, таму престанува детството”. Детската амбасада МЕЃАШИ стои зад детските барања за демократија кога станува збор за прашања кои се во нивен интерес, за слобода, ненасилна борба против детската злоупотреба, но никогаш нема да застане во спрега со поставувањето ЕТНИЧКИ ГРАНИЦИ! Длабоко сме свесни дека повикувањето на БРАЌА И СЕСТРИ НА ЕТНИЧКА ОСНОВА и секое друго подвојување на етнички и други основи е чекор кој може Република Македонија да ја однесе во граѓанска војна. Организаторите и учесниците на протестите треба да се свесни за одговорноста која ја носат, да ја задржат присебноста, да ја послушаат својата совест и да ги зачуваат демократијата и човековите права во Македонија, секако во најдобар инетерес на децата!

Ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да внимаваат, политички партии и нивни лидери, здруженија на граѓани, да не дозволат етничкиот предзнак да не донесе во војна во која сите ќе бидеме губитници, а најмногу нашите деца. Постојано говориме дека децата ни се први и пред сé, дека во нивно име ги правиме работите најдобро што умееме и знаеме, но се однесуваме како да не сме свесни колку далеку може да не однесат етничките поделби, националистичките ознаки и пароли, двоења, провокации. Да не дозволиме историјата на Република Македонија и земјите околу нас да ни се повтори. Потсетуваме на слични конфликти и војни во Босна и Херцеговина 1992-1995, во Косово 1999-2000 и конфликтот во Република Македонија во 2001. Гледаме што се случува со децата во Сирија. За нив организираме помош на солидарност со здружението Легис, за да им помогнеме! Да не дозволиме утре тоа некој друг да го прави за децата од Македонија!

Кој ќе ја преземе одговорноста ако биде загрозен макар и еден детски живот?!

Ги повикуваме организаторите на протестите да ги стават интересите на децата пред било кои други интереси – без оглед на нивното етничко,национално, религиско и друго прашање и ги повикуваме да направат сѐ што треба да се гарантира сигурноста и безбедноста на децата на протестите.

Ставот на Детската амбасада Меѓаши околу прашањата за носење деца на протестите и контрапротестите, односно што претставува злоупотреба на децата а што детско учество.

Носење деца на протестите, и кога се генерално ненасилни, постои потенцијален ризик од појава на насилство а можат и да бидат трауматично искуство за децата, особено поради викотниците, присуството на вооружени полицајци, голем број непознати луѓе одеднаш…Ставот на Меѓаши е дека деца не треба да се носат на протести, но доколку родителот на своја одговорност одлучи поинаку, тогаш треба да стои понастрана од гужвите, на места каде постои помала опасност од евентуални насилства и нереди. Инаку, присуството на деца на протести, маршеви и сл. ненасилни собири не е новост, таа веќе подолго време се практикува во повеќе земји во светот.
Политичка злоупотреба на децата подразбира политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок. Што се однесува до партиски митинзи, ставот на Меѓаши е јасен и го имаме споделено со вас на повеќе наврати. Носење и учество на деца како декор на настани со партиска позадина и агенда е политичка злоупотреба на деца за партиски цели. Не дозволувајте вашите деца да бидат предмет на манипулација.
Да потсетиме дека детето не е објект на кој возрасните ќе му кажуваат што да прави. Детето е рамноправен граѓанин како и сите други и така треба да биде третирано. Тоа го подразбира и детското учество во политичкиот живот.
Детското учество подразбира поттикнување кај децата од најмала возраст интерес и за политичките случувања, да контактираат со политичарите, со донесувачите на одлуки, да влијаат на процесите на одлучување, да добиваат и даваат информации, да го изразат своето мислење, својот став за одредени прашања, да се слушне нивното мислење и да се посвети соодветно внимание на тоа мислење. За да се избегне манипулацијата со нив, која за жал е се уште присутна во нашево општество, децата мора од најмала возраст да бидат воспитувани и поттикнувани да размислуваат критички и слободно да го изразуваат своето мислење.
Како рамноправни граѓани на оваа држава а кога станува збор за протестите, децата имаат право да бидат информирани што се случува во државата, затоа што ова прашање нив директно ги засега и можеби повеќе и од сите нас возрасните, бидејќи иднината на земјава останува на нив. Децата имаат право да учествуваат во сите демократски процеси во државата, имаат право да учествуваат на протести, да ги претстават своите барања, потреби, а возрасните треба тоа да им го овозможат на демократски, достоинствен и мирен начин, без насилства и без злоупотреби.

Како што ви е познато Детската амбасада Меѓаши го поддржува детското учество и детскиот глас особено кога во фокус се прашања за потребите, интересите и правата на детето како и слободата на родителите да ги одгледуваат нивните деца во духот на демократијата, критичкото мислење, и општествена промена преку ненасилство. Детската амбасада работи постојано во правец на поттикнување на родителите и јавноста за одговорно родителство. Доколку сте убедени дека треба да ги носите децата на протести, имајте на ум дека одговорноста ако нешто им се случи е ваша. Затоа, ве молиме проценете дали постои ризик протестите да бидат насилни? Потрудете се да не бидете во првите редови со деца, односно движете се во простори од каде што лесно ќе може да заминете во случај да има насилство. Доколку ја преземете одговорноста со дете да одите на протест, размислете зошто го правите тоа, кои се причините, зошто сакате и вашето дете да биде таму? Во зависност од возраста на детето, разговарајте со него каде го носите, зошто го правите тоа, што ќе се случува таму.
На крајот уште еднаш да потсетиме во однос на вклучувањето и учеството на децата во протестите , имајте предвид дека постои можност, сигурноста и безбедноста на децата да бидат доведени во опасност. Демократското право на протест по дефиниција го исклучува нивното вклучување во ризични настани кои може да ескалираат со насилство.

ЗА ПРАВОТО НА ДЕЦАТА НА ПРОТЕСТ СПОРЕД УСТАВОТ НА РМ, КОНВЕНЦИЈАТА
ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО И ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Децата имаат право на слободно здружување, изразување и мирен протест. Уставот на РМ го гарантира правото на граѓаните, вклучително и децата на мирен собир и јавен протест. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба. Конвенцијата за правата на детето, член 15, потенцира дека државите членки го признаваат правото на детето на слобода на здружување и слобода на мирно собирање и во однос на остварувањето на ова право не може да се наметнуваат никакви ограничувања освен оние кои се во согласност со закон и кои се неопходни во демократско општество во интерес на националната безбедност или јавната сигурност, јавниот поредок, заштитата на јавното здравје или морал или заштитата на правата и слободите на другите. Државите имаат позитивна обврска да го штитат ова право на децата и да ги едуцираат државните, јавните и полициските службеници за правото на децата да протестираат, со цел полесно практикување на ова право.

Во неколку случаи по кои што до сега одлучувал Европскиот суд за човекови права, а каде што предмет било детското учество на протести, било утврдено дека децата имаат право да учествуваат на протести, потенцирајќи дека треба да се сметаат за ранлива група и затоа државата треба да им обезбеди посебна заштита, особено од страна на полициските службеници, при практикување на ова право.
Оттука, сметаме дека оспорувањето на учеството на децата на протести, освен во случаи кога нивната безбедност е во опасност, претставува директна закана и за остварувањето на правото на протест.
Конвенцијата за правата на детето, во член 12 предвидува дека секоја држава на детето кое е способно да формира свое сопствено мислење му обезбедува право на слободно изразување на тоа мислење за сите права кои го тангираат, посветувајќи му должно внимание.

Детската амбасада Меѓаши го поддржува правото на јавен собир, но само во услови кога безбедноста на децата е загарантирана и кога тие не се користат како декор или средство за манипулација и изразување туѓи ставови и размислувања.

Децата се посебен народ. Децата не се национални и верски војсководители. Тие се еден народ кој никогаш не извел револуција или контрареволуција, ниту пак повел војна. Децата не се ни класно ни национално прашање: децата се прашање над сите прашања. Тие се народ кој најмногу страда во воените судири и човековите трагедии. ДЕЦАТА СЕ САМО ДЕЦА.
(Од Повелбата на Детската амбасада Меѓаши)

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор