Дивите депонии во Полошкиот регион – предизвици и решенија
Објавено: 07/03/2017
Еко Герила во соработка со Студентскиот парламент на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе одржи панел дискусија на тема „Дивите депонии во Полошкиот регион – предизвици и решениjа“. Дискусијата ќе се одржи на 9 март 2017 година во 13 часот на Факултетот за бизнис и економија, амфитеатар ЛХ4, Универзитет ЈИЕ, во Тетово.
Воведничари ќе бидат: др. Хасан Идризи, инженер за животна средина, Џелал Цека, директор на јавното комунално претпријатие во Тетово, Блаже Јосифовски, „Ајде Македонија“ и Арианит Џафери, „Еко Герила“.