idscs logo

Покана за презентација на две анкети за условите и ставовите на социјалните случаи и на работоспособните граѓани

idscs logoИнститутот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) Ве поканува на 7 декември (среда) од 10 часот во хотел Карпош на презентација на два извештаи од истражување на јавното мислење за “Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост” и “Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите”.

Податоците покажуваат дека и покрај тоа што партиите изминатиот период често се осврнуваа на најсиромашните граѓани, примателите на социјална помош во голема мера од иднината немаат позитивни очекувања. Повеќе од половина од нив сметаат дека економската состојба во земјата се движи во лоша насока. Анкетираните велат дека работа во земјава се наоѓа многу тешко, а примателите на социјална помош сметаат дека со помошта едвај преживуваат, а нивните трошоци се зголемуваат.

За повеќе информации повелете на презентацијата на двете истражувања: “Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост” – истражување на јавно мислење на работоспособното население кое ги испитува ставовите и перцепциите за условите и можностите за работа, личната социо-економска состојба, можностите и спремноста за преземање претприемнички потфати, и општата социо-економска состојба во државата.   “Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите” истражување на ставовите и перцепциите на примателите на социјална помош во однос на условите во кои живеат, можностите за работа, и социјалната помош и заштита која ја добиваат од страна на државата.

idscs logo

ИДСЦС е корисник на институционален грант од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор