Светски ден на ретки болести
Националната aлијанса за ретки болести на Република Македонија на 29 февруари во кино Фросина ќе го одбележи светскиот ден на ретки болести.
Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

Националната aлијанса за ретки болести на Република Македонија на 29 февруари во кино Фросина ќе го одбележи светскиот ден на ретки болести.
На 19 февруари 2016 година, со почеток од 11 часот во просториите на Домот за млади во Старо Нагоричане, ќе се одржи информативна средба на неформалната мрежа на граѓански организации од Северо-источниот плански регион.
Македонската асоцијација за човечки ресурси (МАЧР), ги поканува сите заинтересирани, на панел дискусија на тема: “Управување со различностите”, која ќе се одржи на 18.02.2016 година (четврток), со почеток во 12.30 часот во просториите на М6 Едукативен центар во Скопје.
Левичарското движење „Солидарност“ има чест да ве покани на трибина и дискусија чија цел е презентација на клучните наоди од студијата „Обезвреднување на трудот 2: Анализа на трудово-правната легислатива во Република Македонија во периодот 2010-2014“. Трибината ќе се одржи на 18 февруари 2016 година, во просториите на „Солидарност“, на ул. Орце Николов бр. 166 (наспроти Центар за странски јазици), со почеток во 18.30 часот.

Центарот за управување со промени – ЦУП и Зип Институтот, во рамките на заедничкиот проект насловен “Поголема партиципација – подобри политики и регулативи”, финансиран од програмата Цивика Мобилитас, ја одржа првата обука на тема „Креирање на политики темелени на докази (evidence-based policy making)“ врз основа на методологија на реномираната Националната владина школа (National School of Government) на Кралството на Велика Британија и Северна Ирска.
Заврши петдневниот семинар „Практикувај мир“, што го организираа партнерските организации ЦИВИЛ – Центар за слобода и берлинската НВО „Kreisau-Initiative“, чии тренери за мир ја водеа обуката на учесниците. Тренингот претставуваше продолжение, втор модул на обуката, чиј прв дел траеше десет дена и се одржа во полскиот град Кшижова во септември минатата година.
Од 22 до 24 јануари во центарот Солферино во Струга се одржа првата подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ инструктори во овогодишниот циклус. 24-ца инструктори ги зајакнаа индивидуалните, но и тимските способности за полесна реализција на програмата. Поставени се термините за обуките во општинските организации и моделот е усогласен со целиот тим. До крајот на месец февруари ќе се спроведат 45 дисеминациски обуки од страна на овогодишните дисеминаторите.

На 13 и 14 јануари беше реализирана обука за новите 45 дисеминатори во рамките на Националната програма Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности.
Цивил – Центар за слобода, успешно ги заврши обуките за граѓански новинари во рамки на проектот „Граѓански објектив“. Во период од два месеца се одржаа четири регионални семинари во Скопје, Битола, Струмица и Велес, каде се одржа и завршниот, петти семинар на кои учесници и учеснички беа сите заинтерсирани граѓанки и граѓани кои немале можност да учествуваат на претходните семинари.

Организација на жените на општина Свети Николе на 25 Декември 2015 година одбележува 25 години работа во женското движење за подобрување на општата состојба на граѓаните, за подобрување на условите за соодветна здравствена заштита на жените, децата и младите, активно вклучување на децата и младите во општествените текови на живеење, како и почитување и заштита на човековите права.
Нема повеќе содржини
Нема повеќе содржини
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.