Завршна конференција на проектот „Зајакнување на партиципативната демократија“
Објавено: 07/07/2017
Проектот навлегува во финална фаза. Затоа организираме и Ве покануваме на завршната конференција која ќе се одржи на 13.07.2017 (четврток) со почеток во 11.00 часот во хотел Елит Плаза Бизнис Центар (ул. Костурски херои бр.38), Скопје.
Добредојдени се сите заинтересирани граѓани, претставници на граѓански организации, медиуми, претставници на локалните самоуправи со своето присуство да дадат придонес во развојот на локалната демократија.
Превземете ја поканата и дневниот ред.