Во рамките на проектот “Јакнење на капацитетите на здруженијата за партиципативно учество во процесот на донесување на јавни документи и политики во земјоделството и руралниот развој“, финансиски подржан во рамките на Програмата за развој на граѓанското општество на Цивика Мобилитас, на 27.06.2017 во просториите на канцеларијата на Рурална Коалиција во Скопје, беше одржана првата средба со регионалните координатори од 8-те плански региони.