Рурална Коалиција успешно го заврши процесот на креирање на стратегијата за период 2018-2020 …
Рурална Коалиција успешно го заврши процесот на креирање на стратегијата за период 2018-2020 со одржување на последната консултативна средба на работната група во просториите на ресурсниот центар на ТАКСО, МЦМС. На средбата беше разгледана нацрт-стратегијата на организацијата и истата беше дискутирана како таква со членовите на Коалицијата кои што беа вклучени во нејзината изработка во изминатите година и половина. Стратегијата ќе биде усвоена на Годишното Собрание на организацијата, а истата беше изработена со целосна логистичка, експертска и техничка поддршка од ТАКСО канцеларијата во Македонија.








![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52397](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/10/reg5-1024x576-1-768x432.jpg)


