Родовите разлики и сексуалното однесување кај младите во Македонија
Денес, во Холидеј Ин, Коалицијата СЕКСУАЛНИ И ЗДРАВСТВЕНИ ПРАВА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ го промовираше истражувањето “Колку се еднакви и безбедни младите во Mакедонија во нивниот сексуален развој и сексуални искуства? – Податоци од HBSCM истражувањето со млади на 15 години “. Резултатите од истражувањето ги претстави Лина Ќостарова Унковска, главна…





„Давам чесен збор, дека ќе ја запознаам и сакам својата татковина Република Македонија дека ќе ја прифатам духовната реалност и ќе го барам нејзиното потполно значење, дека секогаш ќе им помагам на луѓето, дека ќе живеам и работам по извидничките закони“ – со овие зборови се заветуваа новите извидници на Извидничкиот поречански одред „Сидро“ на свечена церемонија што се одржа на 17 декември 2016 година во Скопје, во непосредна близина на Камениот мост каде што се наоѓа „сидрото“ симболот на одредот.



Институтот за Демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) Ве поканува на 7 декември (среда) од 10 часот во хотел Карпош на презентација на два извештаи од истражување на јавното мислење за “Перцепции на јавноста за условите за живот и социјалната вклученост” и “Искуства и перцепции на примателите на социјална помош за условите за живот и можностите”.