Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Конференција: Жените во кодовите

    Центарот за културен дијалог на 25 март 2017 година во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе ја организира Конференцијата „Жените во кодовите“. Во првиот дел, програмерките кои веќе имаат успешна кариера во оваа струка, а кои потекнуваат од нашето општество ќе имаат мотивациски говори. Целта е младите да…

  • Спречување на дискриминацијата кон ромските деца

    Период на имплементација: 01.03.2017 – 01.03.2019 Општата цел на акцијата е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права. Специфични цели на проектот се: Да се намалат практиките на дискриминација кон ромските деца од релевантни актери со посебен фокус на…

  • ДА ДОНИРАШ Е ЉУБОВ!

    Под мотото „Да донираш е љубов“, здружението Конект води кампања која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и компаниите за потребата и користа од обмислено, планирано и стратешко донирање, особено во граѓанските организации. Посебен фокус е ставен на филантропијата како семејна вредност, односно како наследство што треба…

  • Конференција „Унапредување на заштитата од дискриминација“

    ХЕРА заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, ги поканува сите заинтересирани на конференцијата: „Унапредување на заштита од дискриминација, со фокус на сексуална ориентација и родов идентитет“, која ќе се одржи на 22 март (среда), во хотелот Холидеј ин, со почеток во 10 часот. На конференцијата ќе…

  • Сојузување

    Сојузот на извидници на Македонија како дел од проектот за поддршка на извидничките одреди и нивно зајакнување, го организираше настанот „Сојузување“. Настанот имаше цел извидниците и младите да доживеат една заедничка авантура на планина, преку која ќе имаат можност да се стекнат со нови искуства и која ќе им овозможи…

  • ЗНМ од Истокот ги врачи наградите за најдобрите новинари

    Во петокот навечер, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе, новинарите од регионалниот центар „Исток“ ги доделија своите оскари на најдобрите репрезенти од регионот во новинарството, стопанството, здравството, културата, образованието, општествената одговороност, хуманоста, спортот… Високото признание за посебни остварувања во новинарството добија Даниела Такева, новинарка…

  • Вечер на поезијата

    Фондацијата за развој на образование и култура АЛБИЗ денес (21 март 2017 година), со почеток на 19 часот во Даут Пашин Амам- Стара Чаршија, Скопје ќе организира „Вечер на поезијата“. Поводот е одбележувањето на Меѓународниот ден на поезијата. На настанот ќе учествуваат 10 поети со своите творби. Ти се избрани…

  • ДДВ за физичките лица кои вршат стопанска дејност

    Асоцијацијата на економски истражувачи и Центарот за даночна политика ќе организираат трибина за регистрирањето за плаќање на ДДВ на физички лица кои извршуваат стопанска дејност. Трибината ќе се одржи на 23 март 2017 година од 12 до 14 часот во ЕУ инфо центарот во Скопје. На трибината ќе бидат покренати…

  • ДЕН НА РЕТКИ БОЛЕСТИ 2017

    Здружението на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ и оваа година се приклучи кон Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Макдеонија за одбележувањето на денот на ретките болести, 28 февруари, 2017 година под капата на Европската Организација за Ретки Болести – ЕУРОРДИС, под мотото…

  • Дивите депонии во Полошкиот регион – предизвици и решенија

    Еко Герила во соработка со Студентскиот парламент на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе одржи панел дискусија на тема „Дивите депонии во Полошкиот регион – предизвици и решениjа“. Дискусијата ќе се одржи на 9 март 2017 година во 13 часот на Факултетот за бизнис и економија, амфитеатар ЛХ4, Универзитет ЈИЕ, во…

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор