21 03 2017 HERA vesti

Конференција „Унапредување на заштитата од дискриминација“

ХЕРА заедно со Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници, ги поканува сите заинтересирани на конференцијата: „Унапредување на заштита од дискриминација, со фокус на сексуална ориентација и родов идентитет“, која ќе се одржи на 22 март (среда), во хотелот Холидеј ин, со почеток во 10 часот.

На конференцијата ќе се одвива панел дискусија на две теми. Првата се однесува на можностите за унапредување на механизмите за спречување и заштита од дискриминација на локално и национално ниво. Во втората, пак, ќе се дискутира за искуства на локално ниво: унапредување на заштитата од дискриминација преку зајакнување на механизмите за еднакви можности и спречување на дискриминација по основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

21 03 2017 HERA vesti

Конференцијата е завршен настан од проектот што го спроведоа двете организации во текот на минатата година, а го поддржа Амбасадата на Кралството Холандија.

Во текот на проектот се спроведе истражување за потребите на локалните механизми за заштита од дискриминација, по што следеа обуки и прилагодување на позитивните пракси од Холандија. Од овој процес произлезе идејата за кампања во која главен акцент е ставен на дискриминацијата и вознемирувањето од омраза засновани на род, социјален статус, како и сексуална ориентација и родов идентитет.

За повеќе детали за говорниците и темите, можете да го погледнете следниот линк.

Продолжи со читање

  • Национален младински форум „Тука сме за да останеме!“: Време е младите да добијат реална моќ во одлучувањето

    Денес се одржа Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој создаде простор за директен дијалог меѓу млади луѓе од целата држава и претставници […]

  • ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕКСПЕРТ/ТИМ ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН И МУЛТИМЕДИЈАЛНА ПРОДУКЦИЈА

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање експерт или тим за подготовка на визуелни и мултимедијални содржини во рамки на кампања за животна средина, јавна партиципација и пристап до правда. Ангажманот опфаќа развој на креативен концепт и подготовка на најмалку 10 содржини за социјални медиуми, вклучително инфографици, кратки анимации и […]

  • Како да се слушне гласот на граѓаните? РЕСИС организираше работилница и дебата во Велес

    Како граѓанските барања и проблеми да бидат повидливи и слушнати од локалната власт? Токму ова прашање беше во срцето на работилницата и јавната дебата што Институтот РЕСИС ја одржа во Велес со граѓани и со претставници на општините од Вардарскиот Регион.

  • Етичка рамка за колумни

    Колумната, како уникатен новинарски жанр, ги надминува традиционалните правила на новинарството и во медиумската теорија се смета за една од најслободните и „најживи“ форми, во која доминираат авторскиот став и интерпретацијата. За разлика од класичниот коментар или уредничкиот текст, колумната често остава простор за личен тон, анегдота, полемика, намерна провокација или потсмев. Во неа не […]

  • Изборите се ранлив момент кога граѓаните се изложени на манипулации и надворешни влијанија

    На 19 мај, во Скопје, Фондацијата Метаморфозис во соработка со International IDEA го организираше настанот „Зајакнување на отпорноста кон изборни манипулации со информации“, посветен на справувањето со странското мешање и манипулациите со информации (ФИМИ), дезинформациите и заканите по изборниот интегритет. Настанот се реализираше во рамки на проектот „Справување со изборно поврзани манипулации со информации и […]

  • Дојди на донаторски кружок

    Почитувани, Седмиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 04.06.2026 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот. Приемот на гостите започнува во 18.30 часот.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор