21 03 2017 Konekt vesti

ДА ДОНИРАШ Е ЉУБОВ!

Под мотото „Да донираш е љубов“, здружението Конект води кампања која има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните и компаниите за потребата и користа од обмислено, планирано и стратешко донирање, особено во граѓанските организации. Посебен фокус е ставен на филантропијата како семејна вредност, односно како наследство што треба да се предава со предавање на семејниот бизнис на следните генерации.

„Исто како во љубовта, кај донирањето треба да одбереш стратешки партнер кој ќе ти одговара, да негуваш однос на долг период, вистински да се дадеш, да бидеш поддршка и да уживаш гледајќи што е постигнато“-вели Виктор Мирчевски, програмски соработник во Конект и додава „планираното и обмислено донирање е заложба за темелно решавање на проблемите, а не само еднократно санирање на последиците“.

Во рамки на кампањата познати лица од јавниот и бизнис животот добија писма што ќе ги потсетат дека донирањето е најуспешно и најисплатливо доколку се прави стратешки и обмислено во одредена цел. Подготвена е заложба за донирање, која може да ја потпише секој, како морална обврска за планирање на донациите. Исто така изработена е и првата онлајн апликација, со која преку одговарање на едноставни прашања може да видите кој тип на донатор сте и соодветно да ги насочите донаторските активности. Во неколку кафе барови беа поделени ливчиња со пораки за донирање, а изработени се и видеа што се споделуваат на социјалните медиуми.

Хуманитарното или таканаречено „ад-хок“ донирање е важно и честопати неопходно, но не е доволно и не го искористува максималниот потенцијал на донациите. Со него ги санираме последиците, но не ги решаваме суштинските проблеми. Неопходно е паралелно да го развиваме и филантропското односно паметното донирање. Во Конект веруваат дека донирањето во непрофитни организации е вистинскиот начин, бидејќи тие ги познаваат потребите, делуваат стратешки и обмислуваат трајни решенија за граѓаните.

Кампањата се реализираше во рамки на проектот „Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните“, финансиски поддржан од Европската Унија.

21 03 2017 Konekt vesti

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор