Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Повик за ангажирање маркетинг агенција

    Општи информации 
    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамките на проектот на проектот „Поддршка на НВО за обезбедување правна помош на жртви на РБН и одржливи сервиси за мобилизирање локална поддршка” поддржан од страна на Фондот за популација на ОН (УНФПА), oбјавува повик за ангажирање маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство. 
    Главната цел на соработката е да се поддржи граѓанската организација да има одржливост и да обезбеди долгорочни услуги за преживеаните и жртвите на родово базирано насилство. Хелсиншкиот комитет обезбедува бесплатна правна помош за жртвите и развива соработка со сите засегнати страни на локално ниво, вклучително и бизнис секторот и институциите. 
     
    Позиција 
    Маркетинг агенција за изготвување кампања за превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство 

    Избор на експерт 
    На овој повик имаат право да учествуваат правни лица што ги исполнуваат следниве критериуми: 
     

    Работно искуство во спроведување кампањи во последните 9 години; 

    Минимум пет спроведени кампањи во областа на човековите права. 

     
    Спроведување кампањи во областа на превенција и правна помош на жртви на родово базирано насилство ќе се смета како предност. 
    Искуството се докажува по пат на приложена кратка биографија (CV) на вработените или портфолио во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи. 
     
    Спроведување на работните задачи 
    Времетраењето на ангажманот ќе започне веднаш по склучување на договорот и ќе трае до завршување на активностите, односно до 31 март 2025 година. 
    Хелсиншкиот комитет ќе потпише договор со маркетинг агенцијата, каде што ќе бидат дефинирани меѓусебните права и обврски.  
     
    Начин  на пријавување 
    За пријавување на овој повик кандидатите треба да достават: 

    професионална биографија (CV) или портфолио, во кои се наведени работното искуство и спроведените кампањи; и 

    финансиска понуда за реализирање на активностите 

     
    Документите за пријавување задолжително да се достават на имејл адресата natasha.petkovska@mhc.org.mk најдоцна до 13.02.2025 година со назнака „Избор на маркетинг агенција“. По доставување на пријавите, тимот на Хелсиншкиот комитет ќе ги оценува во неколку чекори: проверка дали се доставени потребните документи; евалуација на персоналните биографии или портфолија и евалуација на финансиските понуди. 
    За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената имејл адреса.   
     
    Скопје, 10.02.2024 година. 

  • Мониторинг на заштита од дискриминација на жени од маргинализирани заедници – инфографик за период од 1 јули – 30 септември, 2024

    Хелсиншкиот комитет за човекови права спроведува мониторинг на постапувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) при заштитата од дискриминација на жените од маргинализирани заедници.

    Овој мониторинг е во рамките на проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиран од Цивика мобилитас, кој го имплементира во партнертство со ХОПС- Опции за здрав живот и Коалиција Маргини.

    Инфографикот го опфаќа периодот од 1 јули до 30 септември 2024 година.

  • Да ја примениме подготвеноста за соработка

    Добредојдовте во новиот број на Граѓаните за промена, со фокус на Граѓански ангажман.
    „Убеден сум дека во дијалог со невладините организации ќе можеме да градиме подобри политики, ќе можеме да носиме поквалитетни одлуки за одредени сфери од општеството“. Ова беше една од пораките на премиерот Мицковски испратена кон претставниците на граѓанските организации на Националниот форум на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2024 година.

    Подготвеноста на премиерот за соработка со граѓанските организации беше поткрепена со учеството на уште пет министри од Владата како и на Генералниот секретар Јанушев. Подготвеноста на граѓанските организации беше поткрепена со учеството на околу 200 претставници.
    Потребата од соработката на националната власт и граѓанските организации нема потреба посебно да се констатира. Таа не е само од интерес на Владата и на граѓанските организации, уште поважна е за нивните крајни корисници, за граѓаните. Дел од претставниците на Владата во нивните обраќања демонстрираа консултации со граѓанските организации во процесите на измени или носење на политиките. „Ни случајно нема да правиме стратегија во која нема да бидат вклучени невладините организации“, рече министерката за образование и наука Весна Јанева одговарајќи на прашањето за консултациите поврзани со националната стратегија за образование што треба да биде донесена во 2026 година. Таа рече дека МОН веќе вклучило 40 граѓански организации во консултациите за носење или измени на шест закони поврзани со образованието. 
    Интересно беше да се слушне дека дел од министрите, нас, од граѓанските организации не доживуваат како критичари, а не критизери. „Добар критичар дава конструктивна критика која носи решенија“ вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Неговите очекувања од граѓанските организации не се само во нудењето на решенија за подобрување на политиките, туку, уште повеќе во користење на експертизата која според него „природно би требало да доаѓа од граѓанскиот сектор“. Ваквиот придонес на граѓанските организации, според него, е од непроценливо значење и е врска помеѓу граѓаните и институциите. 
    И другите владини претставници покажаа подготвеност и отвореност за соработка. Организирајќи го овој форум, во соработка со Владата, Цивика мобилитас помогна да се возобноват или да се воспостават меѓусебни контакти и да се договорат последователни средби.
    Се надеваме дека таа подготвеност нема да остане само како декларација, барем ние од секторот ќе се потрудиме да ги „држиме за збор“ министрите, генералниот секретар и премиерот. Тоа ќе ни овозможи на сите, на следната средба да зборуваме за резултатите, а не само за плановите.
    Граѓаните за промена бр.19 Преземи

    Следно >

    Поврзани:

  • Младите се гласот на промените во општините

    На 17 јануари, во духот на младинскиот активизам и локалната демократија, се одржа првиот координативен состанок со Емпауринг Крушево од проектот „Младите се гласот на промените во општините“.

    Целта на состанокот: Главната цел беше поставување на јасна стратегија за спроведување на проектните активности, распределба на одговорностите и дефинирање на конкретни чекори за постигнување на очекуваните резултати.
    Што се дискутираше?

    Организација на работилници: Преку кои младите ќе стекнат знаења и вештини за активен ангажман.
    Формирање и зајакнување на Локалните младински совети (ЛМС): Тела кои што ќе служат како мост помеѓу младите и локалните власти.
    Кампања „Младите да бидат слушнати“: Креативни видео и радио поткасти за промоција на младинскиот активизам.
    Менторска поддршка: Насочена кон осигурување дека младите ќе се чувствуваат подготвени да ги застапуваат своите интереси.
    Дијалог помеѓу млади и локални власти: Организирање на средби со кои што ќе се поддржи дијалогот.

    Проектни очекувања: Со финансиска и стручна поддршка од Граѓанскиот ресурсен центар – ГРЦ, овој проект ќе се реализира во текот на 9 месеци и ќе опфати повеќе активности насочени кон:

    Зајакнување на капацитетите на младите
    Воспоставување и операционализација на локалните младински совети во Прилеп и Крушево;
    Зголемување на информираноста за младинскиот активизам

    Партнерска синергија:
    На состанокот, партнерите покажаа посветеност и креативност, придонесувајќи со идеи за тоа како овој проект може да го промени начинот на кој младите ќе се активираат во локалните заедници.
    Што следува?
    Во текот на наредните девет месеци, проектот ќе се фокусира на креирање услови за младинско учество, зајакнување на капацитетите на младите и промовирање на транспарентна и отчетна локална власт.
    Следете нè за повеќе информации за активностите и резултатите од проектот!
    Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
    #ЈасГраѓанинот во вашите комуникации на социјалните медиуми
    #МладитеСеГласот #МладинскиСоветПрилеп #АктивноГраѓанство #ЛокалнаДемократија

  • Локалните семинари за одржлив спорт успешно завршени

    Date:
    06/02/2025

    Изминатите два дена беа исполнети со инспирација, продуктивни дискусии и важни придонеси за иднината на спортот. Како дел од проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, спортисти, тренери, волонтери и менаџери ги споделија своите идеи за креирање на Sustainable Sport Governance Chart. Клучни теми што ги опфативме Ова беше значаен чекор кон […]

    Изминатите два дена беа исполнети со инспирација, продуктивни дискусии и важни придонеси за иднината на спортот. Како дел од проектот GAIA – Good Governance and Sustainability in Sport Practice, спортисти, тренери, волонтери и менаџери ги споделија своите идеи за креирање на Sustainable Sport Governance Chart.Клучни теми што ги опфативмеОдржливост – еколошка, економска и социјална димензија на спортот
    Добро владеење и етика – како да изградиме транспарентен и одговорен спортски систем
    Вклучување на заедницата – начини за поддршка и активна улога на сите засегнати страни
    Идни трендови и предизвици – како спортот може да се прилагоди и напредуваОва беше значаен чекор кон создавање на Повелбата за одржливо управување со спортот. Со заедничка работа, поставуваме темели за поодржлива иднина на спортот. Следете не за повеќе информации и наредни чекори.

    OTHER Activities Events News

    Вчера го одбележавме Денот на Извидниците, ден исполнет со авантура, тимска работа и посветеност. Беше прекрасно да се собереме заедно, да ги споделиме искуствата и да го славиме духот на извидничките вредности, кои не водат кон личен развој и изградба на посилни заедници. Извидништвото не се состои само во активностите на отворено – тоа е […]
    Read more

    Во просториите на Mladi Hub, се одржа завршниот настан на проектот „Sustainability Coaches“, кој ги собра на едно место едукатори, ентузијасти и експерти посветени на унапредување на образованието за одржливост. Овој настан беше не само можност да ги споделиме резултатите од проектот, туку и да се инспирираме за идни иницијативи и соработки. Клучни моменти од […]
    Read more

    Во време кога одржливоста станува клучен фактор за успех, малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија се соочуваат со предизвикот како да ја интегрираат зелената транзиција во своите деловни модели. Глобалните и европските политики за климатски промени и циркуларна економија поставуваат нови барања за компаниите, но истовремено отвораат можности за подобра конкурентност, иновации и зголемена […]
    Read more

    Во свет каде што одржливоста станува сè позначајна, едукацијата игра клучна улога во обликувањето на свеста и акциите за подобра иднина. Затоа, со задоволство ве покануваме на онлајн настанот „Sustainability Coaches“, организиран од Еко-Логик. Датум: 12 февруари 2025Време: 17:30 – 19:00 (Сараево, Скопје, Загреб)Локација: ZoomЛинк за придружување: https://us06web.zoom.us/j/82530338993Meeting ID: 825 3033 8993Passcode: 030644Секој учесник ќе […]
    Read more

    Прва менторска сесија за грантот за циркуларна економија: Вредни насоки и инспирација за следните чекори На 31 јануари 2025 година, ја одржавме првата менторска сесија со Елена Иванова, директорка на Impact Foundation, во рамките на подготовките за аплицирање за грантот за циркуларна економија, организиран од ARNO. Нашиот тим, составен од Јасмина Петровска Нешкоска и Луна […]
    Read more

    Во рамки на проектот „Sustainability Coaches“, финансиран од Еразмус +, Еко Логик заедно со партнери од Германија, Италија и Кипар работи на развој на едукативни материјали за подигнување на свеста и промоција на одржливи практики. Оваа иницијатива има за цел да го зајакне образованието за одржлив развој како клучен чекор кон подобра иднина. Меѓународна Обука […]
    Read more

  • Се одржа Регионална дебата за јавни политики

    Денес се одржа Регионална дебата за јавни политики „По кризата со цените на храната: Патоказ за прехранбена самоодржливост во регионот на Западен Балкан – Научени лекции и патот напред“.

    На дебатата дискутиравме за зависноста од увоз на прехранбени производи, потребата од рамномерен регионален развој и адаптација на климатските промени, како и регионална соработка во регионот на Западен Балкан.

  • Соработки, обуки и заеднички чекори напред

    На 30 јануари 2025 година, во Јавна соба се одржа втората физичка средба на членките на македонската мрежа на Фондацијата Ана Линд. Средбата започна со состанок кој го модерираше Симона Славкова прокетниот координатор на мрежата. На овој состанок ги дискутиравме сите активности и постигнувања во изминатите месеци, како и можностите…

  • Јавен повик за учество во „трката“ за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

    Младински образовен форум (МОФ) објавува јавен повик за сите млади поединци и групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост, да се пријават за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“. 
    Избери една од темите:

    Улогата на младите на Западен Балкан – Истражи и прикажи како младите придонесуваат кон општествените промени и регионалната соработка, со кои предизвици се соочуваат и како можат да ги искористат постоечките можности. Креирај креативен медиумски производ што ќе ги прикаже нивните искуства и идеи.
    Иновативен пристап кон медиумската писменост и дигитален активизам – Истражи како младите можат да користат дигиталните платформи за критичко размислување, информирање и иницирање општествени промени. Создај мултимедијален производ што ќе поттикнува одговорно користење на медиумите, препознавање дезинформации и активна онлајн граѓанска ангажираност.
    Интеркултурен дијалог – Истражи како младите од различни култури и етнички заедници во Западен Балкан градат мостови на соработка, разбирање и солидарност. Креирај мултимедијален производ кој ќе ги прикаже нивните приказни, иницијативи и успешни примери на културна размена и заедничко дејствување.

    Пријави се со:

    Труд во кој било мултимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг формат. Право на учество имаат поединци или групи на возраст од 15 до 30 години од Македонија
    Испрати ја пријавата на мејлот: info@mof.org.mk со назнака „Апликација за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“, најдоцна до 16 февруари  2025 година, до 23:59 часот.

    Ќе се оценува:

    Оригиналност и иновативност на мултимедијалниот производ,
    Релевантност на темата медиумска писменост,
    Влијание врз заедницата и публиката,
    Квалитет на производот и содржината.

    Победникот/победничката ќе добие:

    Признание и плакета МОФ за медиумска извонредност,
    Објава на трудот на платформите на МОФ,
    Парична награда во износ од 24.000 денари.

    Победниците ќе бидат известени преку е-пошта до 20 февруари  2025 година. Резултатите исто така ќе бидат објавени на веб-страницата и социјалните мрежи на МОФ. За сите дополнителни прашања, може да нѐ контактирате на мејлот info@mof.org.mk со назнака „Информации за МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор