[aggregator] downloaded image for imported item #40924

Еко амбасадори во акција: Локалните активисти – чекор поблиску до позелена иднина преку тридневна обука

Во периодот од 10, 13 и 17 октомври 2025 година се одржа тридневна обука за локални активисти – еко амбасадори, во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“.

Оваа обука беше прв и клучен чекор во креирање мрежа на локални еко амбасадори, кои ќе делуваат како поврзувачка алка меѓу граѓаните и локалните власти. Целта е да се зајакне граѓанското учество, транспарентноста и одговорноста, поставувајќи темели за поактивна и одржлива заедница.

Преку внимателно осмислена програма, учесниците се обучија за:

  • граѓанско застапување и комуникација со локалните власти,
  • разбирање и примена на локалните и националните еколошки политики,
  • организирање јавни акции и информирање на граѓаните,
  • ефективно посредување меѓу потребите на заедницата и носителите на одлуки.

Обуката ја водеше експерт, користејќи интерактивни методи, симулации и реални примери, со цел учесниците да стекнат практични знаења и конкретни алатки за дејствување во заедницата.

Прв ден – Граѓанско застапување и комуникација со локалната власт

Првиот ден се фокусираше на основите на граѓанското застапување и механизмите за комуникација со локалните институции. Учесниците се запознаа со различни форми на граѓанско учество, улогата на локалните власти и важни закони за животна средина. Преку презентации, дискусии и практични примери, тие стекнаа основно знаење за законската рамка и механизми за влијание.

Втор ден – Национални и локални еколошки политики

На вториот ден учесниците анализираа национални и локални еколошки политики, разгледувајќи ја Националната стратегија за заштита на животната средина и Локалниот еколошки акционен план на Прилеп. Со работа во групи и практични анализи, тие развија конкретни предлози за подобрување на локалната еколошка пракса.

Трет ден – Организирање јавни акции и ефективно посредување

Последниот ден беше посветен на практична примена на стекнатото знаење. Учесниците учеа како да организираат јавни акции, да информираат граѓани и да посредуваат помеѓу заедницата и локалните власти.

Во рамки на дискусиите, беа идентификувани неколку конкретни локални проблеми:

  1. Нефункционалност на месните/урбани заедници,
  2. Недоволна граѓанска свест за правилно фрлање и селекција на отпад,
  3. Недостиг на поставени канти и зелени зони за собирање отпад,
  4. Непостапување на комуналните редари и инспекторите за животна средина,
  5. Непочитување на планови за управување со отпад од приватни субјекти.

Обуката не само што ги опреми учесниците со знаење и алатки, туку и поттикна одговорност, колективна енергија и подготвеност за реални промени.

Обучените еко амбасадори претставуваат ново јадро на локален еко активизам во Прилеп, подготвени да иницираат и спроведат проекти и иницијативи за позелена и одржлива иднина. Со заедничка работа, тие идентификуваа локални проблеми и креираа основа за отворена комуникација со институциите и граѓаните.

Здружение СТАНИЦА ПЕТ создаде нови еко лидери кои веруваат дека вистинската промена започнува од локалната заедница. Заедно градиме позелена, транспарентна и поактивна иднина за сите!

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор