Вести од граѓанските организации

Содржината на информациите презентирани во овој дел од веб странaта се единствена одговорност на грантистите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразуваат гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат. Информациите се презентирани како што се пристигнати и печатните или други грешки во нив се одговорност на самите автори.

  • Јавен повик за ревизорски услуги

    Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец Штип, во рамките проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, a спроведуван во партнерство со Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип  и  Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од…

  • Покана за учество на Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

    Почитувани,

    Здружението Гласен Текстилец со задоволство ве поканува да учествувате на Националната конференцијаза родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип.На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родовата еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, претставници на Национални институции и граѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.

    Ве молиме да потврдите учество најдоцна до 5 март 2025 година на електронската адреса: antonela.miteva@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.

    Со почит,Гласен Текстилец.

  • Академија за пратеници „Уметноста на несогласувањето“ (Модул II)

    Помалите политички партии покажуваат поголема флексибилност и отвореност за подобрување на нивната работа, додека поголемите партии имаат тенденција да ги усвојуваат промените постепено. Охрабрувачки, постои

  • Анкетен прашалник за испитување на јавното мислење за проблемите на семејствата на лицата со попреченост и можните решенија при медицинскиот третман на лицата со попреченост

    Во рамките на проектот “Соочување со предизвиците и стигматизација” реализираме анонимен анкетен прашалник исклучиво за испитување на јавното мислење со цел прибирање на податоци во однос на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост и нивните семејствата во процесот на прифат и третман на лицата со попреченост во медицинските…

  • GreenUP- Едукативната игра за општини

    Date:
    13/02/2025

    Играта Green Up се состои од две посебни игри:(1) Тврда верзија на играта, развиена за групна игра – лице в лице и,(2) Дигиталната игра, развиена како поедноставена верзија на физичката игра.Двете игри се составен дел од Интергрин програмата за јакнење на капацитетите на општините. Нивната улога е да го олеснат учење за вработените во различните сектори и одделенија во општините. Истите нудат забавно учење и вежбање на зелените вештини преку специфични сценарија, мисии, зелени иницијативи и реални предизвици.Изберете која од двете игри сакате да ја тестирате!Можете да го превземете сетот карти за печатење, или кликнете „Плеј“ (Play) и играјте ОНЛАЈН!Проектот е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Еразмус+, а Еко Логик ја имаше водечката улога во изготвувањето на концептот и дизајнот на физичката игра, како и концептот за дигиталната игра.

    OTHER Educational Games News

    Игра за Циркуларна Хемија: Нов Начин за Учење и Едукација Зошто Циркуларната Економија е Важна? Циркуларната економија се фокусира на создавање решенија за одржлив развој преку минимизирање на отпадот и максимизирање на искористеноста на ресурсите. За да се доближи оваа концепција до младите генерации, проектот “Циркуларна хемија во дигиталната ера”, поддржан од Еразмус+, ја претставува […]
    Read more

    Ever wondered how to teach your kids about traffic safety while keeping them entertained? Bicycle Pathway is here to make it happen! With its unique design and interactive approach, this board game is perfect for kids who want to have fun while learning the rules of the road. Cycle Path: An Exciting Educational Game for […]
    Read more

    Дали некогаш сте помислиле како да ги едуцирате вашите деца за безбедноста во сообраќајот додека се забавуваат? „Велосипедска патека“ е друштвена игра која го прави токму тоа! Со уникатен дизајн и интерактивен пристап, оваа игра е совршена за деца кои сакаат да се забавуваат додека учат за правилата на патиштата. Што е „Велосипедска патека“? „Велосипедска […]
    Read more

    Игра на проверка на знаење и повторување. Правила: 4 тима „Исток“ „Запад“ „Север“ „Југ“ На главната табла за играње има три типа полиња – „Лилјаци“, „Пештери“ и „Опрема и украси“ кои ве движат нагоре, надолу или ве паузираат еден друг. Ако играч стапне на поле „Лилјак“ – му следува прашање за определен лилјак (влече лилјачка […]
    Read more

    Прибор за игра Правила Децата се делат на два тима „Преспански“ и „ Охридски“ Застануваат од двете страни на хартиената играчка што ја претставува Геличица: Лево е Охриски тим, десно Преспанскиот тим. Учителката- модераторот одбира кој тим прв ќе игра со „Галичица“ – хартиена играчка, со помош на хартиено авионче во форма на лилјак. Го […]
    Read more

    Алатката за дискусија на целите за одржлив развој има цел да креира систематска дискусија при анализа на некоја цел за време на работилници или тренинг курсеви. Алатката е пригодна за дискусија на различни тематики каде е потребен сопфатен пристап.Главната цел на алатката е стимулирање на дискусија во насока на постигнување на одредена цел преку идентификување […]
    Read more

  • Половина од граѓаните се подготвени да посегнат по насилство за да се заштитат себе и семејството

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја проверуваше ПЕРЦЕПЦИЈАТА НА ГРАЃАНИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТА, како личната, така и општо, во државата.

    Резултатите од истражувањето покажуваат дека кога е во прашање личната безбедност, половина од граѓаните (52,7%) се чувствуваат безбедно во средината во која живеат и работат. Етничките Македонци (59,4%) и припадниците на другите етнички заедници (53,8%) се побројни меѓу оние кои се чувствуваат безбедно додека тој процент кај етничките Албанци изнесува 33,3%.  Прашани кој најдобро ќе ги заштити нив и нивните семејства, најголем број од граѓаните (46,2%) имаа доверба само во себе, односно сметаат дека тие самите најдобро ќе ја заштитат својата и безбедноста на нивното семејство. Една петтина рекле дека никому не му веруваат, а нешто помалку, односно 19,0% сметаат дека полицијата ќе ги заштити најдобро.
    Граѓаните најбезбедно се чувствуваат дома. Како се зголемува дистанцата, односно опкружувањето, така се намалува чувството на безбедност од 91,2% (за безбедноста во домот), до 85,4% кога во прашање е нивната населба, па се до 60,4% кога станува збор за државата.
    Кога се во прашање факторите кои влијаат на чувството за безбедност, резултатите од истражувањето покажуваат дека околу една третина од граѓаните се чувствуваат безбедно затоа што живеат нормално и го почитуваат законот и редот. Околу една петтина како фактор за чувството за безбедност го препознаваат нивното добро опкружување, а за околу една десетина важно е тоа што се способни да се заштитат себе си. Причината за чувството за небезбедност за околу 20% од испитаниците е уличниот криминал и насилство, а околу 15% одговориле дека такво чувство им прави лошата економска состојба и сиромаштија.
    Половина од граѓаните (50,3%) се подготвени да посегнат по насилство за да ја заштитат безбедноста на нивното семејство. Вкупно 40,4% од испитаниците не се согласуваат со ниту еден од ставовите, односно самите не би посегнале по насилство за заштита. Иако процентот на оние кои се подготвени да пријават насилство е мнозински (59,6%) сепак, загрижуваат аргументите на остатокот од испитаниците за непријавување: велат дека тоа не е нивна работа, дека не веруваат дека надлежните можат да го решат проблемот, или се плашат од последиците.  Кај најмладите испитаници, оние меѓу 18 и 29 години, најниска (46,2%) е подготвеноста да пријават насилство или кршење на законот, а една четвртина од нив рекле дека тоа не е нивна работа. Локално гледано, граѓаните најмногу ги загрижуваат небезбедните патишта и брзото возење (31,0%). На второ и трето место се криминалните пресметки (15,6%) и насилството поврзано со злоупотреба на дроги (15,5%). Загриженоста заради небезбедните патишта и брзото возење расте со зголемувањето на возраста на испитаниците од 22,5% кај оние меѓу 18 и 29 години до 38,2% кај граѓаните над 65 години.
    За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета која е  спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.
    Извештајот е подготвен и објавен во рамките на програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“, финансиски поддржан од Глобалниот фонд за ангажираност и отпорност на заедницата – ГЦЕРФ. Програмата ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Нексус – граѓански концепт, Иницијатива за европска перспектива (ИЕП), Плиадес и Хоризон Цивитас.

    Следно >

    Поврзани:

  • InterGreen Билтен #2: Зајакнување на зелените вештини во општините

    Со влегувањето во 2025 година, проектот InterGreen продолжува со активностите за промоција на одржливоста и зајакнување на зелените вештини на општинските службеници во шест европски држави: Португалија, Италија, Франција, Грција, Кипар и Македонија. Овој проект е ко-финансиран од Европската Унија во рамки на програмата Еразмус+, а неговата цел е да им помогне на општините да се справат со еколошките предизвици и да ја подобрат одржливоста на локално ниво.Меѓународни онлајн состаноци: Поврзување на општините за позелена иднинаВо текот на октомври и ноември 2024 година, конзорциумот на проектот InterGreen организираше два меѓународни онлајн состаноци, на кои учествуваа повеќе од 50 претставници од општини и организации од шестте партнерски држави.Првиот состанок беше посветен на претставување на целите на проектот и создавање можности за соработка меѓу општинските претставници кои учествуваат во обуките. Оваа сесија овозможи споделување на клучните еколошки предизвици и решенија.Вториот состанок се фокусираше на едукативните алатки развиени во рамки на проектот, вклучувајќи ја Green UP – друштвена игра за учење преку игра во живо и нејзината дигитална верзија. Овие алатки имаат за цел да помогнат во јакнењето на капацитетите на општините во областа на одржливоста.Овие состаноци беа одлична можност за општините да разменат искуства и идеи за надминување на заедничките еколошки предизвици.Едукативни работилници: Практични обуки за одржлив развојОсвен онлајн состаноците, во сите шест земји-учеснички беа организирани и едукативни работилници. Во Македонија, овие работилници ги спроведе Еко Логик, а учествуваа претставници од шест општини: Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба и Кочани.Обуките ги опфатија следните четири модули:Одржлив развој – Разбирање на Целите за одржлив развој и нивно спроведување на локално ниво
    Зелени вештини и компетенции – Обезбедување на алатки за одржливост на општинските службеници
    Методологија на студии на случај – Учење од реални примери за подобро решавање на предизвиците
    Пренос на знаења и искуства – Поттикнување на размена на добри практики меѓу општинитеОвие работилници беа одлична можност за дискусија и идентификација на клучните предизвици поврзани со одржливиот развој, како и за заедничко креирање проекти и иницијативи за нивно надминување.Следете ги новостите од InterGreenПродолжуваме да работиме на градење позелени општини! За најновите активности од проектот InterGreen, посетете ја нашата веб-страница: www.intergreenplatform.eu и следете нè на Facebook и LinkedIn.Заедно можеме да изградиме поодржливи заедници!

  • Построги закони и подобар стандард можат да ја подобрат безбедноста во земјата

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ја проверуваше перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и општо, во државата. Истражувањето е составено од два дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со безбедносната загрозеност, факторите кои влијаат на тоа, областите во кои треба да се инвестира како и за безбедноста на жените и мажите.

    Истражувањето покажа дека мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67,0% кај оние со незавршено основно до 47,2% кај испитаниците со завршено високо образование.
    Прашани со кои активности може да се надмине безбедносната загрозеност, 64,0% од испитаниците целосно се согласиле со изјавата построги закони и поголема дисциплина помеѓу граѓаните. Големо мнозинство од 91,7% се согласни (потполно или делумно) дека тоа може да се направи со подигнувањето на стандардот на граѓаните што и дава економска димензија на безбедноста. Двете области во кои треба најмногу да се инвестира за да се намали безбедносната загрозеност се јакнењето на институциите (21,8%), вложувањето во луѓето кои се дел од системот на безбедност преку зголемување на плати и набавки на опрема (19,4%).
    Невработеноста и сиромаштијата (57,9%), појавата на локален тероризам и вооружен бунт (52,0%) и меѓуетничките тензии (51,3%) се факторите кои можат да влијаат на безбедноста. Голема е согласноста (потполна или делумна) и кај поддршка за факторите како што е нивото на демократија, задолженоста на земјата и порастот на политичката поларизација.
    Корупцијата, организираниот криминал, иселувањето во странство и финансиската задолженост ги прави многу загрижени мнозинство од граѓаните на Северна Македонија. Речиси половина од граѓаните се многу загрижени заради злоупотребата на дроги, а околу една третина, заради „белата чума“, односно депопулацијата на населението.
    Нема мнозински афирмативен одговор на прашањето за безбедноста на жените во бракот, на работа или на улица. Најмногу потврди одговори има за безбедноста на жените во бракот, потоа на работа и на крај, на улица. За разлика од прашањето за безбедноста на жени, кога е во прашање безбедноста на мажите, сите афирмативни одговори се мнозински. Најголем број (64,2%) сметаат дека мажите се безбедни во бракот. Овој процент се намалува кај безбедноста на работа на 59,7% и уште повеќе кај безбедноста на улица (54,4%).
    За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета која е  спроведена на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

    Следно >

    Поврзани:

  • Учество во емисијата ФЕР – ПЛЕЈ со Јана

    На 11.2.2025 год. (вторник) во телевизијата Телма претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски и главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во емисијата ФЕР-ПЛЕЈ со Јана. Во споменатата емисија се разговараше за единствената регата во Република Македонија – Вардарската регата “Гемиџии“ за…

  • Младите во акција: Обука за застапување и младинско учество во Велес

    Во периодот од 06 до 09 февруари 2025 година, Младински Совет Прилеп учествуваше на Обука за застапување и младинско учество во Велес, каде што младите лидери работеа на застапување и активно учество во заедницата. Оваа обука беше можност за стекнување знаења, споделување искуства и развивање стратегии за создавање позитивни промени. 

    Што научивме? 
    Преку интерактивни работилници, тимска работа и практични примери, учесниците работеа на: 
    ✔ Разбирање на застапувањето – што е застапување, зошто е важно и како да се применува во пракса? ✔ Формирање на акциски планови – структурирање на идеи и конкретни чекори за застапување ✔ Мобилизација на млади – стратегии за вклучување на заедницата во застапувачки иницијативи ✔ Планирање и спроведување на кампањи – комуникациски алатки, дигитални платформи и методи за ефективно застапување 
    Зошто е важно младинското застапување? 
    Младите се двигател на општествените промени! Преку застапување, тие можат да го кренат својот глас, да иницираат решенија за проблеми на локално и национално ниво како и да создадат поинклузивно општество. 
    Оваа обука не само што ги зајакна знаењата и вештините на учесниците, туку и создаде простор за вмрежување, размена на идеи и развој на нови иницијативи кои ќе продолжат да носат позитивни промени. 
    👉 Подготвени сте да се вклучите? Доколку сакате да дознаете повеќе за застапувањето или да се приклучите кон младински иницијативи, контактирајте нè! 
     Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот “Зајакнување на младите преку нови можности 2 за Пелагонискиот регион” во партнерство со СОС Детско село Македонија.

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор